Можеш да го критикуваш, ама не можеш да не го почитуваш. И во најболниот првенствен пораз за неговиот тим оваа сезона им ја честиташе победата на Наполитанците. И тоа ги чекаше сите со се стручен штаб, еден по еден. Људина.
На легендата на Јуве душа му извадија за острата изјава упатена до Мајкл Оливер по мечот со Реал Мадрид во четвртфиналето од ЛШ. Италијанците се цареви за хумор, па се најде една будалетинка која направи пародија од критиката на Џиџи.
Навредливите зборови на Џиџи Буфон до судијата Мајкл Оливер во ЛШ не ги оправда секој. Откако на мечот Фиорентина - Спал беше досуден пенал за гостите, домашните навивачи, познати во Италија по својата иронија му скандираа на судијата Орсато “insensibile“ (безчувствителен), алудирајќи на тоа што легендарниот голман на Јуве го кажа за англискиот арбитар.
Како никогаш до сега Џиџи Буфон се појави пред медиумите со жесток напад врз судијата, без влакна на јазикот, гневен и убеден дека не заслужил да го суди овој меч. Роналдо не разбира зошто се бунеле.
Без разлика кој е во право, ова се сцени за почит. Едниот веројатно му го разбира гневот и со респект му даде пријателска гушка, а другиов е величина која со душа ги прифаќа овие искрени поздрави, па дури и во ваква ситуација во која е попизден како сè заврши, а како можеше да биде.
Во цела Италија натпреварите почннуваа со едноминутен молк во чест на прерано починатиот капитен на Фиорентина. На дуелот Јуве - Удинезе во Торино, Буфон остана на клупата каде му се насолзија очите додека траеше молкот.
Џиџи Буфон и Џорџо Кјелини се вистинското лице на Старата Дама без кои Јуве не би бил Јуве. Играат со срце и муда и затоа прават пресврти во Лига на шампиони. Познатата парола на Јувентус „Fino alla fine“ (во превод: до крај) пресликана во потегот на Џиџи.
Италија и натаму е во шок и неверување по ненадејната смрт на лидерот на Фиорентина, стоперот Давиде Астори. Во текот на вчерашниот ден многу негови соиграчи и колеги спортисти се простуваа од него. Најтрогателна порака остави Џиџи Буфон кој ретко во јавноста зборува за личните односи со фудбалерите.
Фудбалерите на Јувентус го добија со 1:0 и реванш полуфиналниот дуел од Купот на Италија против Аталанта, но за влакно ќе останеа во финалето без Џиџи Буфон, кој се обиде да брани на начин на кој не сме навикнати да го гледаме.
Најдобриот италијански голман на сите времиња пред два дена прослави 40-ти роденден, а вечерва се врати на терен после повредата и одбрани пенал на гостувањето во Бергамо против Аталанта. Јувентус славеше 0-1 со голот на Игуаин во 2’ минута и 29’ секунда, а Џиџи му фати пенал на Алехандро Гомез во 25’ минута, по прегледувањето на ВАР. Буфон и во 88’ минута одбрани неверојатно по шутот на Петања. Реваншот од полуфиналето на Купот се игра на 28 февруари во Торино.
Најголемата легенда меѓу легендите вчера наполни 40 години. Што да се каже и издвои повеќе од човекот кој 6 сезони ги носеше ракавиците на Парма и веќе 17 не ги соблака оние на Јуве. Да оставиме да кажат другите.
Џенаро Гатузо не е човек како и сите други и од него најмалку се очекува да му каже на некој: „Среќен роденден, голем да растеш“. Водителката Иларија Д`Амико, инаку партнерка на Џиџи беше синоќа во разговор со него, а царот во сред емисија во живо и рече: „Залапај го од мене“. Костакурта се здроби од смеење.
Вечерашното дерби од ЛШ веќе стана интересно за следење уште пред да почне. Во толку големи екипи, има место само за величини од кои цела фудбалска јавност и старо и младо треба да учи што значи респектирање на противникот.
Две фудбалски легенди седнати на заедничко интервју во пресрет на вечерашната мега пресметка меѓу Јуве и Барса на Алијанц арена. Ги прашуваат за нивните идоли од детството. Андреа одговара: Гвардиола и Лаудруп, а Џиџи: голманот на Камерун, Томас Н`Коно кој го гледал на СП 1990 и поради кој станал голман. До 12 години открива дека играл во среден ред.
Си замина гордо поради бројките, успесите и рекордите, но тажно поради начинот на кој се опрости од репрезентативниот дрес. Џиџи е рекордер со 175 настапи за Италија и учесник на 5 Мундијали. Во 20 години неверојатна репрезентативна кариера, тешко е да се издвојат надобрите паради на величина како Буфон.
После Светското првенство 1958-ма - последно на кое не играла Италија, местото на голот на обновената репрезентација го добил Лоренцо Буфон. Втор братучед на дедо му на Џиџи Буфон. Уште е жив и се крсти во Џиџо Донарума.
За квалитетите на селекторот кој има тренирано екипи како Пиза, Бари, Месина, Лече и Венеција, а врвот му се Торино и Сампдорија, доволно говори и содржината на оваа порака која играч на Италија му ја пратил на свој колега.
Нема фудбалски навивач кој не го почитува и кој не жали што интернационалната кариера му завршува на ваков тажен начин. Со солзи кои кажуваа сè. А тој во џентлменски стил изјави: Не плачам за мене, туку за италијанскиот фудбал.
Џиџи Буфон е људина. И кога брани и кога поздравува навивачи и кога дава изјави и кога држи говор. На 39-ти години ФИФА го прогласи за најдобар голман во светот и го смести во тимот на годината. И покрај тоа што англискиот му е клај клај, не е како другите Италијанци кои инсистираат да зборуваат на мајчин јазик. Почитта која ја имаат спрема него, се гледа во начинот на кој го гледаат од публика каде седат фаца до фаца.
Навивачите на Лацио и Џиџи Буфон по кој знае кој пат покажаа дека имаат посебен однос на взаемно почитување. Актуелниот шампион на Италија загуби од Лацио на домашен терен и промаши пенал во 95-та минута, но голманската легенда не заборави да се доближи до трибината на Лацијалите. Ова нивно поздравување стана еден вид ритуал после секој дуел меѓу Јуве и Лацио.
Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев низ кариерата неколку пати го натера најдобриот голман на светот да ја вади топката од својата мрежа. Четири пати во дресот на Лацио и еднаш како играч на Наполи. И секогаш му даваше убави голови. Нека биде така и вечерва од 20:45 во Торино.