„Со задоволство го менувам дресот со секој, тоа е знак на почит. Се сеќавам еднаш кога бев мал и кога замолив еден играч да ми го даде дресот, тој ме одби. Тоа многу ме погоди, така што тогаш одлучив дека ако станам голем играч, ќе ми биде срам ако така се однесувам“, изјави Буфон по мечот со Монако и не откри кој бил тој играч.