Таг: џиџи буфон

Среќен роденден Џиџи

Еден од најдобрите голмани во светот кој кариерата им ја посвети на Парма, Јувентус и Италија денеска полни 38 години. Ова е најдоброто од неговата 20 годишна кариера во која и најдобрите играчи на планетава немаа и сè уште немаат лек за неговите одбрани.

Ибрахимовиќ, Меси и фудбалерите кои не ја пеат химната

Додека некој ја вика од сè срце, има играчи кои не отвораат уста при интонирање на државната химна. Некој има таков табиет, некои од политички, а некои од верски мотиви не ја пеат химната.

Харизмата на Буфон и германското невнимание

Во вторникот после мечот Менхенгладбах - Јувентус, Џиџи Буфон отишол под трибината кај навивачите на германскиот клуб, им ги подарил ракавиците, но за возврат не добил ништо по што сега се води полемика во Германија.

Дебито на Буфон на снегот во Москва

Точно 18 години еден од најдобрите голмани во светот го носи дресот на селекцијата на Италија, а првиот настап ќе го памети по тешките временски услови во Русија каде мораше да го замени Паљука.

За голманските работи

И покрај тоа што паднаа 20 голови на 8 меча, главна улога на синоќешните мечеви од ЛШ имаа голманите Џанлуиџи Буфон, Џо Харт, Виланд од Малме и Акинфеев од ЦСКА Москва.

Голмани или мачки?

УЕФА ја објави номинацијата за најдобра одбрана на сезоната 2014/2015. Во конкуренција се неверојатните паради на Џиџи Буфон, Мануел Нојер и Џо Харт.

Џиџи Буфон ги брка духовите од Олд Трафорд

12 години откако му се скрши срцето во финалето на Лигата на шампионите против Милан, најдобриот европски голман вели дека неговиот Јувентус сега има шанса да направи голем подвиг против Барселона.

Занети го тера Буфон да касне луто

По Ајс бакет челинџ, луѓето можно е да се заразат со Пупи челинџ, но за тоа нема да треба да се бањаат со ладна вода, туку ќе треба да јадат луто. Идејата ја лансираше фондацијата Пупи, играта е да гризнеш лута пиперка и да номинираш четворица, а целта е да донираш минимум 2 евра за да ја поддржиш кампањата „право на исхрана за цел свет“.

Фудбалери со цигара

Џек Вилшер пред некој ден пушеше на журка, а од Арсенал со цигара во рака го имаат фатено и Војчех Шчешни и тоа во тоалетот од соблекувалната. Таблоидите имаат направено колекција од фудбалери со истиот порок.

Џиџи Супермен Буфон

Капитенот на Јувентус и италијанската репрезентација има 37 години, но и понатаму брани како на 17. Сезонава е меѓу најзаслужните што Јувентус е прв во Серија А со 7 бодови предност во однос на Рома и што ќе игра против Дортмунд во 1/8 финалето од ЛШ.

Џиџи Буфон утре ќе брои до 500

Капитенот на Јувентус и Италија со 36 години и понатаму е најскапиот голман во историјата, а утре против Џенова ќе го има 500-от настап во најдобрата италијанска лига.