Поминаа десет години откако Бразилецот Кафу ја заврши кариерата а неговиот насмеан лик додека џвака мастика во некој од легендарните дресови го паметиме к’о вчера да беше.
„Новиот стадион којшто ќе почне да се гради годинава и екипата која првпат после 34 години влезе во полуфинале на Лига на шампиони - прекрасно време да се биде навивач на Рома“, вели претседателот Џејмс Палота.
Како тргнала работава уште малку после ова ќе им даваат да си отвораат Фејсбук и Инстаграм на сред натпевар. Управата на Интер реши фудбалерите на овој клуб вечерва против Каљари да играат со имињата на нивните Твитер профили на дресовите.
Во 2003-та година Вардар се сретна со Рома во рамките на Купот на УЕФА. Одиграа две средби. После првата на враќање од Рим некој ги ограбил фудбалерите на Вардар. Веројатно на аеродром.
Францускиот фудбалски клуб Монпелје доби грешно печатени дресови на кои името на клубот наместо со две букви ’Л’, им го напишале со едно па морале да се снаоѓаат.
На денешен ден пред пет години се одигра најненормалниот натпревар во историјата на англискиот Куп. Ридинг после 35 минути игра водеше 4-0 против Арсенал, а ’Топџиите’ успеаа да се вратат на 4-4 и во продолженијата да слават 5-7. Кога завршија регуларните 90 минути на 4-4 Жиру и Кокелан мислеле дека ќе има реванш и ги фрлиле дресовите на нивните навивачи... Па си ги бараа назад да доиграат.
Францускиот фудбалски клуб Монпеље добил грешно печатени дресови на коишто името на клубот наместо со две букви ’Л’ во него го напишале со едно по што морале да бараат чаре.
Најсреќен бил кога се сменил со Џон Тери, но подоцна капитенот на Англија го разочарал после неколку години. Има дресови од Тоти, Ибрахимовиќ, Малдини и многу други а вели дека последно најмногу го сакал од репрезентацијата на Сиера Леоне.
Бурно лето 2017 има најстарата навивачка група на Балканот - Торцида. Прво во навивачки жаргон „го бранеа“ градот од навивачите на Левски Софија, потоа го бранеа градот од катастрофалните пожари а од клубот добија признание во новата сезона.
Ако за Реал Мадрид заминување на Кристијано би била енормна штета на спортски и економски план, уште поголема би била за главниот град на Шпанија кој заработува многу од неговиот профил во туристичкиот сектор.
Како што поминуваат годините, вредноста на ретро дресовите од италијанските тимови е сè поголема како и носталгијата за ’90-те години кои ја прославија Серија А.
Фудбалерот од средниот ред на Питерборо, Мајкл Боствик стана можеби најголемата жртва на модерниот тренд на дречливи гостински дресови. Боствик не знаеше дали да го пцуе редарот или бојата на дресот на мечот против Нортемптон.
Шпанскиот прволигаш Гранада смислил оригинален начин за да ја претстави новата опрема за новата сезона. Ги облекле главните три споменици пред Градската куќа во дресовите и шорцевите на клубот.
Луѓе сме - грешиме, можеби е најисправна досетка за огромниот пропуст кој го направи гигантот за спортска опрема Адидас во врска со Јужноамериканската репрезентација која има две победи на два меча на Копа Америка за сега.
И покрај тоа што Челси има сезона за заборав, тоа не значи дека навивачите не влегуваат во фан шоп. Продажбата на дресови за разлика од лани им е зголемена за нешто повеќе од една третина, а само еден процент повеќе од нив продаваат Баварците.
Ако од истиве кошаркарски екипи еден ден се појават и фудбалски, нема потреба никој од нив да се замара како да ги облече играчите. Работата веќе ја заврши дизајнерот Александре од Канада.
Катар Ервејс и натаму ќе биде главен спонзор на дресовите на Барселона, која за тоа според новиот договор ќе добива неверојатни 70 милиони евра годишно до 2021 и на тој начин ќе го има најскапиот дрес на светот.
Со дуелот Унион Олимпија - МЗТ Скопје утре од 17:00 часот почнува новата сезона во Јадранската лига во која необични дресови ќе носи тимот на Мега Лекс за која игра Предраг Самарџиски.
Ако имате зголемен апетит за време на фудбал, тогаш сигурно гледате шпански нисколигашки фудбал каде дресовите секогаш ги мешаат со храна. Гихуело најновите дресови ги направи како ордевер со пршута.
Борусија Дортмунд е клуб кој има најголема посетеност во Германија, сезонските карти им одат како алва, а права борба имало и за новиот сезонски дрес на Милионерите.
Во својата историја, Црвените Ѓаволи имаа разни гарнитури на дресови. Иако класичниот црвен важи за омилен меѓу навивачите, Јунајтед знаеше да направи и тотална утка со дизајнот на дресовите. Еве ги најпознатите дресови на Јунајтед низ славната историја.