Таг: цигари

Полнење мобилни од пикавци?

Научници од Јужна Кореја работат на проблемот со премногу пикавци. До сега се стигнати дека отпушоците можат да ги користат за полнење батерии за се и сешто.

Релативна опасност

Еден од четворица страсни и долгогодишни пушачи со голема сигурност ќе заболи од сериозна болест на белите дробови, е загрижувачката порака од едно данско истражување. Хеј, не цвикајте одма! Во наш превод, веста изгледа вака: од четворица пушачи, на тројца нема да им биде ништо.

За чиста раса и бели дробови

Владите денес најнормално се поставуваат како дадилки во однос на своите граѓани кои кога треба да ги гласаат се богови ама веднаш потоа стануваат малоумници кои не знаат сами да носат одлуки за својот живот. Ваквиот патернализам во однос на цигарите и грижата за здравјето на нацијата први  го воспоставија нацистите.

It's all about Benjamins

Не вреди даље да се објашњавам.

Толко ми е више од све згадено.

Дедо не беше глуп што пушеше качак

Пушачите знаат како слепци да се фатат за оние 2-3 податока кои на кутиите намерно им ги оставаат тобако компаниите, колку овие да имаат со што да се занимаваат и да им личи дека носат разумни одлуки. Па врз основа на количината катран или никотин, се тешат дека овие се јаки, овие се послаби. А приказната за цигарите е каде-каде покомплицирана.

Светски пушачки бастиони се Македонија, Грција и Бугарија

Глобалниот процентот на пушачи драстично е опаднат како резултат на сите мерки кои се спроведуваат последните децении. На целата светска мапа постои само еден регион од кој и натаму озбилно се крева дим.

Како Њујорк стигна до 14,5 долари за кутија цигари

Главна занимација на пушачите од Њујорк стана патување во соседните сојузни држави за да купат поевтини цигари. Во исто време ова е главна занимација и на локалните криминалци.

Пушењето е полошо отколку што претходно се мислеше*

Њујорк Тајмс објави список на нови болести со кои од сега па натаму ќе може да им се качувате на глава на пушачите. Меѓу нив - дијабетес, импотенција и рак на црниот дроб.

Најдобрите пушачи во европскиот филм

Неброено пати од длабочината на нашeто пушачко белодробие сме испуштиле крик на несогласување со драконските забрани на пушењето. Под мотото „Цигари да - магла не!“, еве уште еден аргумент кој е повеќе уметнички. Колку би загубиле од својата харизма некои ликови кога би ги замислиле без цигарата в уста. 

Барселона ќе те откаже од цигари

Фудбалскиот клуб Барселона ги здружи силите со Европската Комисија и ќе се обиде да им помогне на навивачите да се откажат од пушење.

Лепете на нешто свое

Американскиот апелационен суд ја стопираше новата серија предупредувачки стикери за цигарите чија основна намера беше да бидат огромни и одвратни. Објаснување: Не може Влада да користи производи на приватни компании како свои билборди.

Царство за штека цигари

Додека останатите ги заплашуваат пушачите на основа на слики и лоши пораки, Нов Зеланд се реши на подиректен пристап - 100 долари за кутија цигари.

Елвис е жив!

Студентите од катедрата по етнологија и антропологија на УКИМ снимија неколку кратки филмчиња, кои ќе бидат промовирани во среда од 18 часот во ГЕМ.