Таг: челси

Кој чека ќе дочека, прашајте го Чалоба од Челси

Натаниел Чалоба после четири години и осум месеци ашкање на шест позајмици, синоќа во Купот против Лестер конечно дебитираше за Челси, клубот со кој го потпиша првиот професионален договор.

Џанфранко Ѕола - човекот што одби милиони поради детскиот сон

Најголема љубов во детството на Ѕола биле фудбалскиот клуб Каљари и сладоледот од ванила, кој можел да го јаде со килограми. Пред 13 години ги одби милионите на Роман Абрамович за нов договор и реши да се врати во својот крај, каде што ја заврши славната кариера.

Фергусон сакал да го доведе Тери во Јунајтед на 14 години

Кога имал 14 години, Џон Тери заедно со неговиот татко и дедо кои биле навивачи на Манчестер Јунајтед, разговарале со Алекс Фергусон за тој да премине кај нив, но Тери го одбрал Челси.

Кај Челси е младината, ама распрскана

Сините имаат политика да ги купуваат најдобрите младинци во светот, ама никако да им дадат шанса да се пробијат во прв тим. За сезоната 2016/2017 имаат на располагање 38 млади играчи на возраст меѓу 17 и 24 години (со исклучок на Квадрадо). На позајмица се во 8 земји.

Како Конте ги решава проблемите на Челси

Во својот престој во Јувентус, Конте често со бодликав стап знаел да ги опоменува играчите кои не трчаат на тренинзите. Од Челси сака да направи компактна екипа која ќе го игра најдобриот пресинг во Европа.

Исто кога ќе помине девојка на улица, или се вртиш или не

Секој скаут има свој начин на работа. Критериумите се горе-долу слични, но методите на пристап до бараниот талент се различни. Понекогаш работат буквално како шпиони и гледаат што пие и јаде и каде излегува младиот играч.

Италијанец е, а им забранува пица на фудбалерите

Ерата на Антонио Конте во Челси почнува со нов строг режим на исхрана кој ќе треба да го почитуваат играчите, исто како што скоро направи и Пеп Гвардиола во Манчестер Сити.

Најмногу го сакаме Бурнемут, а најмалку Челси

Англичаните објавија листа на најомразени клубови во своите редови. Истражувањето покажува дека навивачите најмногу ги мразат најјаките екипи на островот.

Проклетата 9-ка на Челси

Тоа е бројка која обично ја носат најистурените напаѓачи на кои работа им е само да ја боцнат топката во гол. На Стемфорд Бриџ не е така. Од дресот со број 9 бегаат сите како од чума, па дури и дефанзивците.

Офсајд ликови: Фалкао и Пато

Сте виделе ли скоро некој гол или дриблинг од овие двајца напаѓачи? Ние не. Мизерната сезона која ја имаа во Челси без никакви пречки ги сместува во нашата рубрика Офсајд лик. Фалкао и Пато до толку ги немаше, што можеби некој заборавил и каде играат.

Мурињо и Јунајтед - како беше порано

Хрониката односи на Мурињо со клубот од Олд Трафорд започна некаде пред 12 години кога Португалецот гостуваше во Манчестер. Од тогаш до денес, голема промена на односите.

Патот на Џузепе Роси, детето кое спиело во дресот на Шевченко

Еден од најдобрите италијански фудбалери тргнал од Америка, земја во која емигрирале неговите баба и дедо со брод од Италија во ’60-те години. Го исполни својот и сонот на татко му, да ја носи капитенската лента на Аѕурите.

10 предвидувања за Премиер лига, сезона 2015/2016

5 август 2015-та или три дена пред почетокот на сезоната во Премиер лигата во која најспоменуваниот збор ќе биде Лестер. Ќе им го избркале тренерот, ќе се бореле за опстанок, Челси ќе ја освоел титулата...Аха, ок.

Расниот стрелец кој стана тренер - Хернан Креспо

Креспо беше еден од ретките кои играле во речиси сите големци на италијанскиот фудбал. Се изнадава голови во дресовите на Парма, Лацио, Интер и Милан и по завршувањето на кариерата реши да го пренесува занаетот на помладите.

Ќе почекате за титула

Фудбалерите на Тотенхем синоќа имаа 0:2 на Стемфорд Бриџ со кои теоретски ќе останеа во игра за титулата, но лондонското дерби полно со тензија на заврши 2:2, а Вилијан кој лани ја славеше шампионската титула ги испровоцира гостинските навивачи.

Реакција по пабовите на голот на Азар

Под водство на често оспоруваниот италијански стручњак Клаудио Раниери, а предводени од до сезонава анонимните Канте, Варди и Махрез, Лестер стана 24. шампион на Англија. Титулата им ја донесе најслабиот играч на Челси сезонава, Еден Азар со неверојатен гол против Тотенхем во 83. минута од мечот. Тоа беше прв гол на Азар на домашен терен после 365 дена. Последен пат даде гол кога славеа титула лани против Кристал Палас.

Епилогот на 3 случаи кога Раниери беше лидер

Во текот на кариерата, Раниери имал предност на табелата (не после коло или две, туку после минимум девет) во три наврати. Болна историја имаше во Италија, каде со Рома го загуби Скудетото на три кола пред крајот после поразот од Сампдорија дома.

Роберт Де Ниро е нов тренер на Челси

И покрај најавите дека Антонио Конте го презел актуелниот шампион во Премиер лигата, сепак од Островот стигна друга информација. Де Ниро е нов шеф на стручниот штаб на Сините.

Клуб со 12 тренерски смени за 13 години и без филозофија на игра

Роман Абрамович е повеќе од една деценија во Челси, предолго загубено време во кое не се поставија препознатлив стил на игра, сет на идеи и принципи. Но сето ова го нема на Стемфорд Бриџ бидејќи тоа не е начинот на кој работи клубот.

Грем, дојди и штипни ме за задникот

Еден од потрофејните играчи во историјата на Челси бил близу одлуката да го напушти фудбалот затоа што му извадиле муабет дека е хомосексуалец и упорно го навредувале по сите стадиони во Премиер лигата.

Челси на колена, во четвртфинале оди ПСЖ

Со головите на Рабиот и Ибрахимовиќ фудбалерите по втор пат ги совладаа Сините од Лондон со идентичен резултат. Гостински триумф од 2:1 оствари и Бенфика против Зенит вреден пласман во топ 8 фазата од ЛШ каде од вчера се и Реал и Волфсбург.