Сајтот whoateallthepies прогнозираше некои работи пред стартот на Премиер лигата и освен број 9 друго ништо не погоди.
1. Челси ќе ја освои титулата. Манчестер Сити повторно ќе биде втор, но овој пат разликата во бодови ќе биде потесна. Веселата дружина на Мурињо ќе ја одбрани титулата бидејќи другите екипи од горниот ешалон се досадни.
- Челси на едно коло до крајот е 9-ти со 48 бода.
2. Во топ 4 повторно ќе завршат: Челси, Манчестер Сити, Арсенал и Манчестер Јунајтед.
- Во топ 4 се: Лестер 80, Тотенхем 70, Арсенал 68 и Манчестер Сити 65, а поместување е можно само на третата и четвртата позиција.
3. Најдобар стрелец повторно ќе биде Серхио Агуеро.
- Агуеро има 24 гола, исто колку и Варди, а Хари Кејн има 25. Тука има шанси да погодат.
4. Рахим Стерлинг ќе има добра сезона за Манчестер Сити и во тандем со Давид Силва ќе биде силата на тимот.
- Го купија за 44 милиони фунти, што е седми највисок трансфер во фудбалот. Тинејџерот Sheyi Ojo од Ливерпул има 3 асистенции на 6 меча, а Стерлинг има 2 на 31 меч.
5. Хари Кејн ќе ја заврши сезоната со максимум 10 гола, а повеќето од нив ќе бидат пенали.
- Кеј има 25 гола до сега.
6. Прва тренерска жртва. Тоа може да биде Роберто Мартинез од Евертон, но имаме некое смешно чувство дека по неколку катастрофални месеци со Лестер, прв ќе биде избркан Клаудио Раниери.
- Едниот уште е тренер на Евертон, а за другиот си знаете.
7. Кристал Палас ќе има добра сезона. По ланската сезона во која завршија на средина од табелата, прогнозираме дека со помош на новите засилувања овој пат ќе стигнат на рекордна позиција во Премиер лига.
- Кристал Палас е 14-ти со 4 бода помалку од лани и доколку победи во последното коло нема да успее да фати подобра позиција од минатата сезона.
8. Најимпресивно деби во нов клуб: Џејмс Милнер во Ливерпул.
- Ова ќе им го оставиме на навивачите да полемизираат.
9. Најлош трансфер: Огромната количина на пари кои беа спектакуларно потрошени.
- Полн погодок. Лестер стана шампион во лига каде играат Челси, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед...
10. Кој ќе оди во втора лига. Екипите на Норич, Ватфорд и Бурнемут ќе се вратат таму од каде што дојдоа, а конкуренција ќе им биде и Лестер.
- Ватфорд и Бурнемут се спасија, Норич е испаднат, а Лестер е шампион.