Додека кај нас уште на некои стадиони се гледа прволигашки фудбал на бетон, па после газот грчки им збори, Германците се до толку прецизни во работата што прават вест и од вакво нешто. Ние може да им се смееме, ама тие стварно ќе усреќат шестмина.
Јусуфа Мухоко важи за надобриот фудбалер на фудбалерите до 17 години на Борусија Дортмунд иако има само 13 години. Во полуфиналето на Купот на Германија против Баер Леверкузен, Јусуф се прослави со невиден гол а мечот заврши 1-1. Реваншот е во недела.
Неделава на „Енфилд Роуд“ било турбулентно: почна со повредата на Окслејд-Чембрлејн, потоа Салах имаше повик од египетски суд за на крај проблем да се јави со Жељко Бувач - десната рака на Јирген.
Правилото 50+1 според кое членовите имаат мнозинство гласови е вековна традиција која не може да се купи. Затоа Германците имаат најполни стадиони и пристапни цени за карти, пиво, колбасици.
Најбрзиот светски спринтер кој умре од желба да заигра фудбал го одржа првиот тренинг со Борусија Дортмунд. Не се знае што ќе излезе од неговата проба и дали е ова само некој маркетиншки трик на Пума кој му е спонзор и нему и на Борусија, но од првиот тренинг се гледа дека тој не е десно сметало. Како ја смести рутински, како стварно да е фудбалер.
ЦСКА Москва го направи најголемото изненадување на осминафиналните мечеви од Лига Европа откако со победа од 2:3 на гости го совлада Лион. Во дербито на вечерта Милан го загуби и реваншот од Арсенал, а Борусија не успеа да му возврати на Салцбург.
По серија од четири порази во низа, Арсенал ја прекина кризата со голем триумф над Милан на „Сан Сиро“. Атлетико Мадрид со една нога пласиран во четвртфинале откако ја прегази Локомотива Москва.
Навивачите на Борусија Дортмунд важат за навивачи кои сакаат традиција, а мразат богаташи кои ги уништуваат идентитети на клубови за сопствени интереси. Затоа спремаат акција за помош на клуб кој беше распарчен и одново оживеан во четврта лига.
Предминатиот понеделник преку 40.000 навивачи на Ајнтрахт Франкфурт бурно протестираа против фудбал во понеделник, термин што фудбалската федерација на Германија сака да го протне на мала врата.
Фудбалерите на шведскиот Остерсундс дефинитивно ја одбележаа сезонава во Лига Европа откако по феноменалните историски резултати во групната фаза беа пред чудо и сензација против лондонски Арсенал. Поведоа 0-2 на Емирати, но „Топџиите“ се спасија на крај.
Фудбалерите на Локомотив го направија најголемото изненадување вечерва во Лига Европа откако губеа 2:0 па славеа 2:3 кај Ница. Фаворитите сигурни: Милан, Арсенал и Дортмунд чекор пред пласман понатаму.
Во славната генерација на Борусија Дортмунд во 1995-та играше и Андреас Милер кој за оваа глума што ќе ја видите на видеото беше казнет: 2 лигашки меча, 10.000 германски марки и на определено време тргнат од репрезентацијата.
Еден од најдобрите играчи на денешницата, Габонецот со француско потекло, Пјер-Емерик Обамејанг конечно стави крај на сите заврзлами и потпиша богат договор со Арсенал. Животна желба му била да заигра за Реал Мадрид и да вози бесни коли.
Макс Арнолд од Волфсбург, Леон Бејли од Баер Леверкузен (х2), Хамес Родригез од Баерн, Кагава од Дортмунд и уште неколку играчи поставија сериозна задача во изборот за гол на месец јануари во германската Бундеслига.
Тренерска клацкалка во Бундеслигата: Петер Бош избркан од Дортмунд оди во Келн, а Питер Штегер избркан од Келн оди во Дортмунд. Зошто „Милионерите“ кои така високо летнаа, нагло паднаа? Кои се причините?
Фудбалерите на Вардар вечерва од 21:05 се простуваат со Лига Европа, натпреварувањето во кое на пролет ќе се приклучат неколку гиганти кои испаднаа од Лигата на шампионите.
Завесата во групната фаза од Лига на шампиони се спушти на неверојатен начин откако на 7 меча паднаа дури 33 гола. На „Енфилд“ Ливерпул оствари историска победа од 7-0 против Спартак Москва. Реал со 3-2 го совлада Дортмунд, а Севиља ремизираше 1-1 со Марибор.
Во ноември BBC објави резултати од едногодишното истражување на Price of Football за тоа колку пари чинат билетите и сезонските карти за фудбал во сите англиски и некои европски лиги. Германците пристојни, Англичаните со претерано скапи карти.
25 ноември 2017-та ќе остане историски датум во германскиот фудбал, пред сè за браќата на Комитите кои најдоа начин како да го одбележат. Што е уште поинтересно за тоа се погрижи самиот клуб, а не навивачите.
Кам бекот на Севиља со Ливерпул во Лига на шампиони не беше ништо. Пазете денеска што се случуваше во големото дерби меѓу Борусија Дортмунд и Шалке. До 25-та минута Милионерите имаа 4:0 и “сигурна“ победа, а од 61-ва до 94-та гостите стигнаа до неверојатен кам бек од 4:4 кој долго ќе се раскажува во Германија.