Од копачки во одело

Малдини ги предводи иконите кои се вратија во својот клуб

Покрај легендарниот дефанзивец, летово ширум Европа неколку легенди решија да се посветат на клубовите каде се прославија.

Паоло Малдини

Легендата на Милан се врати во своето јато после цели девет години. Најголемата икона на клубот кој за 25 години освои многу трофеи, стана директор во клубот.

Долгогодишниот капитен дебитираше за Росонерите во 1985 година на неполни 17 години. За клубот од „Сан Сиро“ за кого играше и тренер беше неговиот татко Чезаре, Паоло одигра дури 902 средби, освои 28 трофеи меѓу кои дури 5 пехари во Лига на шампиони.

Но како што медалот има две страни, така и патот на Малдини беше трновит: Паоло влезе во конфликт со навивачите на Милан по истанбулското финале на ЛШ 2005. Малдини наводно направил и непристоен гест кон нив по испаѓањето од Купот на УЕФА, а на 31 мај 2009 година кога Паоло за последен пат ја носеше капитенската лента против Фиорентина, тифозите истакнаа парола: „Има само еден капитен“ со исцртан дрес на Франко Барези.

По крајот на кариерата Малдини го викаа на раководна позиција, но тој одбил поради несогласувања со тогашното раководство. Но на 5 август годинава започна тн. „миланизација“ на Милан. За нов спортски директор беше поставен Леонардо кој потоа го убеди Паоло да се врати во клубот кој доби нови сопственици.

Нико Ковач

Како син на хрватски работници во Федеративна република Германија, Нико Ковач ја почнал кариерата во берлинска Херта. Откако стекнал искуство и созреал во втората бундеслига, Баер Леверкузен го забележал Хрватот и решил да го доведе во своите редови.

Таму и дебитирал во Бундеслигата, а подоцна се пресели во Хамбруг каде го покажа раскошниот талент. Не требало долго време Баерн да се јави за него.

Во Минхен Нико заедно со брат му Роберт кој играше стопер стана шампион на Германија, но за разлика од својот помлад брат, не играше редовно во првата постава и се врати во родната Херта. Крајот на кариерата го дочека во Австрија, каде почна и влезе во тренерските води како помошник тренер во Ред Бул Салцбург.

Потоа Нико стана предводник на младинската репрезентација на Хрватска до 21 година а наскоро со брат му Роберт ја водеа и сениорската селекција на Хрватска. Успешно обезбедија пласман на Светското 2014 после што стана тренер на Ајнтрахт Франкфурт со кого го совлада Баерн Минхен во финалето.

Интересно, во април годинава Баерн објави дека се договорил Нико Ковач да биде нивен нов тренер а еден месец подоцна Хрватот го победи својот иден клуб.

Џанфранко Ѕола

 

First 👀 at Maurizio Sarri and Gianfranco Zola in the Chelsea dugout! #CFC #Chelsea

A post shared by Chelsea FC (@chelseafc) on

Некогашниот легендарен центарфор на времето му беше дублер на Марадона во Наполи и од Диего учел изведување слободни удари. Со Наполи го освои Скудетото и Суперкупот на Италија, па замина во Парма на која и помогна да го крене пехарот во Купот на УЕФА.

Од Парма се пресели во Челси и тоа беше еден од најдобрите трансфери во историјата на англискиот клуб: Ѕола стигна на „Стемфорд Бриџ“ во ноември 1996-та и по само една полусезона ја доби наградата Играч на годината во Премиер лига.

Со Челси оосвои два ФА Купа, Суперкуп на Англија, Лига Куп на Англија, Куп на Куп победници на УЕФА и Супер Куп на УЕФА. Сите трофеи на Челси во ’90-те асоцираат на Џанфранко.

Пред крајот на кариерата се врати во родната Сардинија каде му помогна на Каљари да се врати во Серија А. Тренерската кариера ја почна во 2008 - ги тренираше Вест Хем, Вотфорд, Каљари, Ал Араби од Катар и Бирмингем.

Пред неколку недели се врати во Челси каде ќе му помага на неговиот сонародник Маурицио Сари.

Дани

Клубот Маритимо од Португалија зазема посебно место во животот на некогашниот португалски репрезентативец. На островот Мадеира, Дани правел чуда со топката и таму го забележале Порто и Спортинг.

Лисабонците се покажале како поажурни и го ангажирале. Младиот фудбалер не бил уште искусен па го вратиле во Фуншал на позајмица од половина година.

После тоа се враќа во Лисабон каде не игра доволно и решава да замине во Динамо Москва. Во главниот град на Русија се најде со сонародниците Дерлеј и Манише поради што брзо се адаптирал на студеното време и лошите терени.

Фантастичните партии во Динамо го препорачале на стручниот штаб на репрезентацијата на Португалија а во меѓувреме Зенит по Европското 2008-ма направи рекорден трансфер во тоа време и за него плати 30 милиони евра.

За девет години во Санкт Петербург Дани стана миленик на навивачите. Португалецот се вљубил во градот за кого направил и тетоважа. Пред крајот од кариерата отиде во Славија Прага каде не направи ништо посебно и на 22 јули 2018, после 14 години надвор, се врати во својот роден Фуншал како слободен агент. Ќе игра за Маритимо и ќе работи во структурите на клубот.

Дејли Блинд

 

When you’re back home...♥️😁 #UCL #ajastu

A post shared by AFC Ajax (@afcajax) on

Историјата на Дејли Блинд е слична на онаа на Малдини. Чезаре играше во Милан, синот Паоло целата кариера ја мина во црвено-црниот дрес. Дани Блинд, најголем дел од кариерата го има во Ајакс, а син му тргна по неговите стапки.

Но за разлика од Паоло Малдини, Дејли Блинд сакал да се проба и во друг клуб. После бронзата на Светското 2014 со Холандија, Манчестер Јунајтед го купи левиот бек/стопер за 17,5 милиони евра во последниот ден од преодниот рок.

Под раководство на Луј Ван Гал, Блинд играше најредовно но со доаѓањето на Жозе Мурињо седна на клупата за резерви. Откако Жозе не го викна на подготовките во САД стана јасно дека играчот мора да си најде нова екипа.

На 17 јуни Блинд-помладиот се врати во Амстердам каде одново ќе ги брани боите на Ајакс.

Себастијан Кел

 

Hans-Joachim Watzke and Michael Zorc have asked me to return to Borussia Dortmund as Head of the Player Department. I am looking forward to the challenge and the opportunity to participate in the shaping of this club’s sporting future and sharing responsibility for that. I feel a deep connection with Borussia Dortmund, the people here as well as the region. BVB has been an affair of the heart for a long time now. Against this background, I wish to express my deep gratitude for the trust shown in me. Alongside my experience as a professional player, I will also bring in the competencies gained during the time after my career as an athlete. My management qualification earned at UEFA, my work at the DFB and the DFL as well as my „A Licence“ in coaching have granted me new perspectives relevant to the current challenges of the modern game and I feel sure to profit from them in my new role. I will, together with those other responsible, give everything I have to provide the club with fresh impetus and take things forward so that the sporting conditions and the required atmosphere are put in place for football at BVB which is both attractive and which continues to bring success. To this end, I will utilise all my energy, my knowledge, my experience, and my contacts. Until the official beginning of my employ at BVB on 1 June, I will be making no comment on my new position or my concrete vision for the 2018/19 season due to the important fixtures our team are scheduled to play. I kindly ask for your understanding in this regard.

A post shared by Sebastian Kehl (@sebastiankehl5) on

Пред најдобриот фудбалер на Фрајбург Себастијан Кел во есента 2011-та година стоел не баш лесен избор. Го барале Борусија Дортмунд и Баерн Минхен. Некој би рекол изборот е јасен, но Кел ја одбра Дортмунд и со „милионерите“ ја освои титулата уште во првата сезона.

Но Кел беше и еден од ретките кои останаа кога бродот тонеше, кога Борусија едвај преживеа поради финансиска криза и неплатени долгови.

Откако го пребродија тој период, Дортмунд и Кел во сезоната 2010/2011 ја освоија титулата а во следната 2012 ја прославија и двојната круна. Две години по ред подоцна Кел го освојуваше и Суперкупот на Германија.

Верноста на Кел не ја заборавија во Дортмунд и три години по крајот на кариерата, директорот Ханс-Јоаким Ватцке го викнал на раководна должност која што Кел со радост ја прифатил.