Таг: бока јуниорс

Бока Јуниорс гостуваше кај месарите од Ла Плата

Бока Јуниорс славеше 1-2 на гостувањето кај Гимназија Ла Плата, но тимот од Бомбонера скапо ги плати трите бода. За кланицата на теренот, домаќините заработија два директни црвени картони а требаше уште толку.

Рабона, дриблинг и скара - Буенос Аирес, градот на стадионите

Истражувањето на шпанскиот дневен весник Ел Паис открива дека нема ниту еден град на светот со повеќе стадиони од аргентинската метропола. Буенос Аирес има 36 стадиони со барем 10.000 седишта.

Топ 10 таленти во Јужна Америка

Јужна Америка е континент кој од година во година извезува најмногу фудбалери ширум светот. Радарите на скаутите во моментов се насочени кон неколку играчи кои се споредуваат со Нејмар, Меси, Маскерано.

Фатен на дело навивачот кој нападна фудбалери со солзавец

Адријан Наполитано, познат како „Ел Панадеро“ е навивачот поради кој предвреме беше прекинато дербито меѓу Бока Јуниорс и Ривер Плата.

Солзавец, дрон, напад на фудбалери и прекин на Бомбонера

Третото овосезонско дерби меѓу Бока Јуниорс и Ривер Плата имаше неславен крај, откако домашните навивачи се протнаа во тунелот и фрлија солзавец директно во пет фудбалери на Ривер.

Ривер го доби вториот дуел со Бока, Меси останал буден да ги гледа

Во првиот дуел од полуфиналето на Копа Либертадорес, Ривер Плата со 1-0 го победи вечниот ривал и така ѝ се одмазди на Бока за поразот во првенството. Меси на Инстаграм објави дека е буден за најголемото дерби.

Буенос Аирес го преживеа првото Суперкласико

Во првиот дел од трилогијата „Суперкласико“, Бока Јуниорс го совлада Ривер со головите на тандемот Павон-Перез во финишот. По дербито во првенството, во петок нè очекува второто дерби, а прво од полуфиналето на Копа Либертадорес.

Три дози Бока - Ривер за 10 дена

Откако лани играа во полуфиналето на Копа Судамерикана, најголемите ривали во Јужна Америка повторно ќе се сретнат, овој пат во елитната Копа Либертадорес, но и во првенството. Само три пати до сега играле меѓу себе во Либертадорес.

Луд и насилен голман од Аргентина

Се вика Гастон Сеса, има 41 година и важи за најнасилниот голман во Јужно-американскиот фудбал. Поради намерен фаул, вчера доби директен црвен картон на мечот меѓу неговата Бока Унидос и Ол Бојс. Неговиот див карактер добро му е познат и на Родриго Паласио од времето кога напаѓачот на Интер играше за Бока Јуниорс.

Освалдо даде гол за Бока, па правеше групна фотографија

Во 3. коло од Копа Либертадорес, Бока Јуниорс ја прегази Замора од Венецуела со 5-0. Два гола даде довчерашниот шпиц на Интер, Даниел Освалдо кој имаше интересна замисла за прослава на еден од головите.

Фудбалот останува без Хуан Роман Рикелме

Како што најави во декември, легендарниот аргентински фудбалер Хуан Роман Рикелме се повлекува од професионалното играње фудбал.

Милито му донесе титула на Расинг по 13 години

По финансиски кризи, испаѓања од лига и насилство на трибините, Расинг Клуб конечно стигна до целта и прв пат по 2001. година, предводен од повратникот Диего Милито стана шампион на Аргентина.

Ривер ја доби Бока и влезе во финале на Судамерикана

Милионерите пред само 3 години играа втора лига, а денес се на чекор од титулите во Копа Судамерикана и домашната Апертура. Во 16. секунда од натпреварот Бока Јуниорс доби пенал, но Гиљоти не го искористи, по што Ривер славеше на домашен терен против Бока после 4 години.

Карневалот на Расинг за дочек на Ривер Плата

Расинг Клуб ја победи Ривер Плата со 1:0 и ја тргна од првото место на аргентинската Апертура. Во моментов Расинг е прв со 35, Ривер има 33, колку што има и Ланус на третата позиција. Расинг 13 години чека на каков било трофеј, а претходно 35 години им требаа да ја освојат првата титула.

Коринтијанс гради гробишта за најверните

Еден од најпопуларните бразилски клубови соопшти дека до крајот на идната година ќе бидат завршени гробиштата на кои секој навивач ќе може да си купи парцела.

Суперкласико се играше и по невреме

Двата најголеми аргентински клубови, Ривер Плата и Бока Јуниорс доцна вчера одиграа уште еден меѓусебен дуел, кој не го спречи ниту поројниот дожд.

Дербито кое мора да го гледате пред да умрете

Постои огромно ривалство меѓу Рома и Лацио, Селтик и Ренџерс, Звезда и Партизан, Фенер и Галата, Ливерпул и Манчестер, Барса и Реал... но  мајката на сите дербија е „Суперкласикото" меѓу Бока Јуниорс и Ривер Плејт.

Ова се вика тимска игра

Играчите на Бока Јуниорс на натпреварот против Белграно покажаа како изгледа една компјутерски точно изведена акција според фудбалски учебник. Стрелец на голот беше дефанзивецот Хуан Форлин.

Најдобрите навивачи на светот

Реномираниот француски фудбалски магазин So Foot направи листа на најдобри навивачки групи во светот на фудбалот. На првото место се навивачите на Бока Јуниорс.

Натпревар прекинат заради сеир за најголемиот ривал

Минатата недела се одигра аргентинското „Суперкласико" помеѓу Ривер Плата и Бока Јуниорс на кој не им беше дозволено присуство на гостинските навивачи, па тие го искористија следниот натпревар за сеир и прослава на победата над најголемиот ривал.

Фаул без мозок

Има и други начини како да спречите контра напад, но 19 годишниот Гаспер Инигуез на средбата помеѓу Аргентинос и Бока Јуниорс го избра најболниот за него. Немој да учите од него, ќе ве боли.

„Суперкласико“ ја прослави јубилејната 100 годишнина

Едно од најголемите и најпрочуените фудбалско дерби во светот помеѓу лутите градски ривали Бока Јуниорс и Ривер Плејт викендов прослави точно 1 век од одигрувањето на првиот официјален меч. Според некои статистики дури 70% од аргентинските навивачи ги поддржуваат овие две славни екипи.

Аргентински волеј

Дефанзивецот на Бока Јуниорс, Даниел Диаз ја закова топката во мрежата на Њуелс Олд Бојс со овој прекрасен волеј, но неговиот тим на крајот сепак загуби со 2:3.

Трагичен викенд во јужноамериканскиот фудбал

Два немили настани го одбележаа овој спортски викенд во Перу и Аргентина каде починаа еден фудбалер и двајца навивачи.