Аргентинското Суперкласико се играше пред 62.000 гледачи на Монументал, а на домаќините им требаше 81 минута да го отворат противникот и со скромни 1-0 да патуваат на реваншот за седум дена на Бомбонера.
Натпреварот го одлучи Уругваецот Карлос Санчез на 9 минути пред крајот. До тогаш, натпреварот го одбележаа многу фаули, прекини и шест жолти картони, стандардно за Ривер - Бока. Бока Јуниорс ја имаше најзрелата шанса на 35 секунди по стартот на второто полувреме, кога Калери излезе сам пред голманот на Ривер, но Бароверо реагираше чудесно и го сочува својот гол.
До крајот, Ривер Плата остана со играч помалку во 88' минута, кога нивниот најдобар играч Теофило Гутиерез доби директен црвен картон поради непотребен фаул на средината од теренот. Гутиерез остро стартуваше над Гиљермо Бурдисо, помладиот брат на Николас Бурдисо (Џенова) и поради суспензија ќе го пропушти реваншот за пласман во финале.
На големото дерби не можеше да му одолее ниту Лео Меси, кој и покрај временските разлики на Европа со Јужна Америка, решил да остане буден доцна во ноќта и да го гледа Суперкласико.
Атмосферата на Монументал пред почетокот:
Голот на Санчез од пенал:
Хајлајтс од Суперкласико:
Во другото полуфинале, Расинг Клуб од Аргентина ремизираше 1:1 со Монтевидео Вондерерс од Уругвај. Реванш натпреварите се следниот четврток.