Суперкласико се играше и по невреме

Двата најголеми аргентински клубови, Ривер Плата и Бока Јуниорс доцна вчера одиграа уште еден меѓусебен дуел, кој не го спречи ниту поројниот дожд.

За Ривер и Бока, во Аргентина навиваат голем дел од навивачите ширум земјата, а на тие 70% им се приклучуваат уште други фанови од целиот свет кој го следат Суперкласико, дербито на Буенос Аирес.

Вчерашниот натпревар меѓу овие два тима беше 202. меѓусебен дуел на Ривер и Бока, која има повеќе победи 73, во однос на 67 на „милионерите“. Дербито вчера донесе 2 гола, 2 црвени картони и невозможни услови за игра. И покрај тоа што Ривер влезе во натпреварот како лидер на табелата и фаворит, Бока Јуниорс поведе преку Лисандро Магалјан во 23-та минута, кој погоди по одличниот центаршут на Федерико Каризо.

Домашните имаа прилика да израмнат на 3' минути пред крајот кога Фернандо Гаго направи пенал по играњето со рака во шеснаесетникот за што доби директен црвен картон. Родриго Мора го промаши пеналот и на полувреме се замина со 0:1 за Бока. „Монументал“ експлодираше во 78' минута кога резервистот Херман Пецела израмни на 1:1, што беше и конечен резултат.

И покрај третото последователно реми, Ривер Плата и понатаму е прва на табелата со 22 бода, а Бока Јуниорс е десетта со 14 поени. Во претходното Суперкласико, во март годинава, Ривер Плата како гостин ја совлада Бока со 2-1 на „Бомбоњера". На тој начин, „милионерите" го прекинаа 10-годишниот пост без триумф во храмот на Бока Јуниорс.

 

6 октомври 2014 - 12:30