Таг: барселона

Наинголан ја сними атмосферата во соблекувалната на Рома

По пауза од 34 години Рома се пласираше во полуфиналето од Лигата на шампионите. Барселона не е Беневенто, што значи ова е сосема очекувано славје во кое се најде и ќерката на Џеко.

Твитерџијата на Рома целосно одлепи

Веројатно најлудиот твит некогаш напишан од страна на човекот кој е задолжен за официјалниот Твитер на Рома е овој вечерва после последниот свиреж на судијата. Рома - Барселона 3:0 и не знам што куцам на тастатурата.

Солзи радосници на Олимпико, Барселона е елиминирана

Ако за некој натпревар сезонава во ЛШ треба да се каже чудо, тоа е вечерашното четвртфинале на кое Барселона е во нокаут. Загуби 3:0 и се збогува од Лига на шампиони. Во полуфинале со Рома, патува и Ливерпул кое одново го совлада моќниот состав на Гвардиола.

Валканата Барселона во ЛШ

Не зборуваме за Меси, Иниеста и Бускетс, туку за едно друго време со капитенот Јохан Кројф. Ова е пресек од реванш полуфиналето меѓу Барселона и Лидс во 1975-та на Камп Ноу пред 110.000 публика. Каталонците ги гледаме во едно нетипично издание со грди стартови. Малку е чудно што Лидс добија црвен, а не Барса, ама затоа Англичаните се пласираа во финале кое го загубија од Баерн.

Чуден факт на денот

Што е сега работава, Барса има многу јака одбрана или другиве се пацери во одбрана? Рома и Спортинг си заковаа по два автоголови, а Олимпијакос еден.

Ливерпул го згроми Сити, Барса убедлива против Рома

По Реал и Баерн синоќа, голема работа околу пласманот во полуфинале на Лига на шампиони завршија вечерва Барселона и Ливерпул. Рома си даде два автогола, а Џеко е прв играч на „Волчицата“ кој дал 5 гола во една сезона од ЛШ.

Кога Меси сфати дека треба да ја спасува Барса?

Додека трчкараше покрај аут-линијата за да влезе загреан во игра, Аргентинецот го виде Колумбиецот Бака како се радува на новиот гол за Севиља.

Барса топ не ја бие, го сочуваа патот кон новиот рекорд

Реал Сосиедад на времето не изгубил 38 меча во Ла Лига: 6 во сезоната 1978/1979 и дури 32 меча во сезоната 1979/1980 кога забележал 20 победи и 16 нерешени. Страшната серија им завршила на „Рамон Санчез Писхуан“. На 11 мај 1980 година Севиља го победила Сосиедад со 2-1.

Тактиката на Рома на Камп Ноу

Италијанските претставници во ЛШ ги добија најтешките можни противници на денешната ждрепка во Нион. Јуве налета на Реал, а Рома на Барса. Навивачите на Рома се отворија со разни шеги на своја сметка и тоа бајаги.

Провокацијата поради која веројатно паднал ќотекот пред Камп Ноу

Навивачите на Челси беа доста гневни од односот на обезбедувањето на гостувањето против Барса во ЛШ. Сè уште е нејасно зошто ги тепаа со пендраци без осет, а шпекулациите говорат дека каталонските редари не можеле да се помират што ги ребрачат на политичка основа.

„Господ да го чува кралот“

Навивачите на Барселона не можеа да извадат појака парола посветена на осмиот човек во историјата на фудбалот кој стигна до 600 голови во кариерата за клуп и репрезентација.

Мората со непристоен гест до навивачите на Барса

Во 67. минута од мечот Барселона - Челси на теренот од клупа влезе Алваро Мората. Шпанецот е дете на Реал Мадрид па „Ноу Камп“ го исвиркуваше со сета сила. Ни центарфорот не им остана должен, ама сега ризикува суспензија.

Полициска бруталност пред Камп Ноу, навивачите на Челси се бесни

Иако стадионите во Шпанија важат за мирољубиви места, особено Камп Ноу каде има плева од туристи кои одат да ја гледаат Барса, синоќа пред влезот било танзично и играле пендраци.

45 години наполни „пит-булот“ Едгар Давидс

„Си лета времето“ е првата помисла на навивачите на Ајакс, Јувентус и Барселона кога му честитаат роденден на еден од најомилените нивни фудбалери во клупската историја.

Навивачите на Барселона го свират, а не знаат дека е анксиозен

Португалецот во дресот на Барселона, Андре Гомеш често е мета на критики, навреди, свирежи зошто не покажува ниво вредно на Барселона - но никој не ја знаел неговата душевна состојба.

Географскиот атлас на Лионел Меси

Гол.ком направи интересна иконографика за најдобриот фудбалер на денешницата според многу параметри.

Најдоброто од мобилните од Барселона

Во Барселона периодов се случија две важни работи. Прво, како дел од глобални климатски промени врнеше снег. Второ, се одржа најголемиот саем за мобилни уреди во светот, каде како дел од глобални технолошки промени, главен беше Самсунг со новиот Галакси С9.

Малиот кој спаси 20 деца во школскиот масакр во САД ќе го види Меси

На 14. февруари годинава 19-годишниот Николас Круз со автоматска пушка уби 14 ученици и 3 наставници во школо на Флорида. Бројот на жртвите можел да биде многу поголем ако не бил 15-годишниот Ентони Боргес.

Првиот пенал над Барса по две години не постои

Па пауза од 746 дена и вкупно 78 натпревари судиите во Шпанија го досудија првиот пенал над Барса во Ла Лига, на гостувањето против Лас Палмас кое заврши 1:1. Но никој не знае зошто.

Гвардиола има двојни аршини за слободата - не му смета режимот во Катар

Откако англиската фудбалска федерација му забрани да носи жолта лента закачена на капутот како поддршка за каталонски политички затвореници, Гвардиола најде начин да ги заобиколи правилата.

Убавина од гол на Кутињо

Бразилската ѕвезда која пред месец и пол направи трансфер од Ливерпул во Барселона за преку 100 милиони евра, го постигна дебитантскиот гол во Ла Лига. Поубав и поатрактивен не можеше да посака. Индивидуална мајсторија.

Пргавоста на Луис Суарез - номинација за Глума на годината

Да играш во екипа покрај Меси, Иниеста и Кутињо, да си расен стрелец и да важиш за одличен центарфор а да го правиш ова е тотално несфатливо. Зошто?

Алонсо му продаде на Ракитиќ, Јохан Кројф фора

Бекот на Шпанија нема ништо со холандскиот фудбал или пак со Барселона, туку напрoтив се калел во Реал. Ама ова е тој карактеристичен потег на холандската икона на фудбалот кој имаше страшни вештини. Нормално, само фаул е лекот.

Меси го разби малерот против Челси, Баерн го потопи Бешикташ

Фудбалерите на Барселона ќе патуваат со 1:1 на Камп Ноу во реваншот против Сините од Лондон кои имаа водство преу Вилијан. Бешикташ 75 минути играше со играч помалку поради црвениот картон на Домагој Вида и прими 5 парчиња.