Офсајд ликови на денот: Навивачите на Рома

Клубот официјално го соопштува новото засилување кое според висината на трансферот од 36 милиони треба да е топ крило, ти палиш кола или фаќаш воз за аеродром и дремеш до полноќ за да го пречекаш. И кога авион слетува, ама без засилувањето. Тоа е. Им влегоа појаки во игра.

Бразилецот Малком денеска е топ тема во Италија, ама и во Шпанија и веројатно тој ќе влезе во некаква топ листа на најбрзо “киднапирани“ фудбалери во 5 до 12.
 
Што се случи? 21 годишниот крилен играч на Бордо вчера беше најавен како договорено засилување на Рома.
 
Тој требал да слета на аеродромот Чампино во Рим синоќа во 23:00 часот, по што се појавила информација дека авионот ќе доцни 40 минути.
 
 
Целиот трансфер и протокол со навидум новиот играч на Рома бил договорен со неговите менаџери. Утринава во 8 часот му закажале и термин за медицински прегледи, а потоа официјално претставување.
 
Но од Бордо не му дозволиле да потшише за Рома бидејќи во последен момент во игра влегла Барселона која со нешто подобра понуда, практично му го “украде“ играчот на тимот од Рим.
 
Понудата на Рома гласела 36 милиони евра и годишна плата од 2,5 милиони евра, а Барселона понудила 41 милиони евра за играчот и 3,5 милиони евра по сезона.
Навивачите на Рома синоќа се собраа на аеродромот во Рим за да му приредат пречек на талентираниот Бразилец кој наместо нов член на Рома, заминува во Барселона.
 
И уште нешто. Дури и мајка му на Малком фатила авион од Бразил за Рим, но кога требала да смени лет во Португалија ја известиле дека нема потреба да патува за Италија. Син му ќе игра заедно со Меси.
 
Офсајд ликовите кои залудно чекаа на аеродром

Првата монтажа

24 јули 2018 - 16:43