Проблемот со тревникот се јавил откако после многу години Ваљадолид решил да купи нова дренажа и нов систем на полевање соодветно со правилата на Примера.
Модернизацијата завршила минатата недела и на стадионот „Хозе Сориља“ ставиле нов тревник. Го финиширале на 4 дена пред мечот со Барселона.
Тренерот на Каталонците Ернесо Валверде пред мечот рекол дека состојбата на теренот не е нормална па играчите кои излегоа на терен се мачеа.
„Како може да се игра во вакви услови во најдобрата лига на светот? Никој од Ла Лига не дошол и да ја види состојбата на тревникот. Невозможно беше да се игра. Подобар терен има на плажа“, рекол Серџи Бускетс.
Најгласен по обичај беше Жерар Пике кои се осврна на намерите на Ла Лига еден меч од сезоната да се игра во САД во догледно време.
„Ако сакаме да го продаваме нашиот продукт и да играме во САД, треба прво да видиме како е дома. Теренот беше мизерен. И не зошто ние не можеме да развиеме игра на таков терен, туку поради ризик од повреди“.
Од Ла Лига брзо реагирале и отвориле случај во Дисциплинската комисија. Ваљадолид би можел да биде парично казнет односно да му се одземат средствата добиени од тв права.
Претседателот на Ваљадолид Карлос Суарез изјавил: „Се надевавме дека теренот ќе биде подобар, но испадна полош од претходниот. Не мислам дека за ова е крива лигата која одговара за нас. Ако не казнат, со право ќе не казнат.“