Таг: барселона

Џиџи извини, ама Барса го има најдобриот голман на денешницата

Во современата историја на Барселона голманите никогаш не биле клучни луѓе на терен, но Германецот Тер Штеген го смени тоа и стана еден од главните носители на екипата.

Чудесниот Пако кој замина од Барселона и дава гол на секои 27 минути

Го држеа на клупа со месеци и Алкасер не можел веќе да издржи затоа што без играчко време не бил среќен па решил да замине од „Камп Ноу“. Се испостави дека одлуката да потпише со Дортмунд беше неверојатна затоа што Пако руши рекорди во Германија.

Меси првпат после долго време имаше необична прослава на гол

Околу 90-ина минути траеше предавањето на професор Меси на „Вембли“ против Тотенхем каде со два гола и една асистенција покажа зошто викаат дека е од друга планета. Еден од головите им го посвети на своите синови.

Човекот кој го сруши рекордот на Гвардиола за посед на топка

Во првенство на земја каде играат технички најпоткованите фудбалери во Европа, да имаш најголем посед на топка значи дека треба да си тренерски магистар. Кике Сетиен е магистарот на Бетис.

Тики така играта на Барса не е мртва

Си замина Чави, па си замина Иниеста, ама системот останува ист. Имаме видео од 22 додавања по ред во 60 секунди со егзекуција на крај. И тоа беспрекорнава акција ја прават на мечот против ПСВ при резултат 3:0 во 87-ма минута. Каква професионалност и дисциплина, не губат топка ниту на решен меч.

Културниот западен свет се бркаше во Барселона

Неколку часа пред мечот Барселона - ПСВ Ајндховен (4:0), домашни хулигани со стаклени шишиња и метални шипки нападнале гостински навивачи од Холандија кои седеле по локалните барови.

Феноменален волеј на Икарди и пресврт на Интер за 4 минути

Новата сезона во фудбалската ЛШ почна за мерак со 7 гола на првите две средби во новиот термин од 18:55. Фудбалерите на Интер се изборија за лудачки пресврт против Тотенхем кој имаше водство од 0:1 до 86-та минута. На Камп Ноу ПСВ настрада убедливо, а Меси постигна хет-трик..

Тешка глупост е ова што меч од шпанско ќе се игра во Америка

Го наумија и со цел памет ќе го реализираат. Да не му се верува на човек. Жирона и Барселона во рамките на натпревар од Ла Лига ќе се сретнат во Мајами. Значи не на летна турнеја, туку во домашно првенство. Зошто? За пари.

Рома на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо се враќа на „Олд Трафорд“

По фантастичното Светско првенство, најдобриот фудбал ќе продолжи преку натпреварите во Лигата на шампионите и Лига Европа. Ждрепката во Монако донесе неколку мега дуели.

Нивата на која играше Барса во Ваљадолид

Во второто коло од шпанската Примера, Барселона со 0-1 го совлада Ваљадолид на терен каков нема ниту во ниските лиги на нашите простори.

Како изгледаше последната сезона во шпанска лига без Меси и Роналдо

Сезоната 2008/2009 беше последна во шпанскиот фудбал пред појавата на вечниот дуел Меси-Роналдо, но ќе се памети по многу нешта. Баш по многу нешта.

Видео од хет-трикот на Наташа за Барса

Не е лошо кога гледаш наш човек со бројот 10 во Барселона. Кај мажите го носи Меси, кај жените Андонова. Го посрамотија Пардинјес со 9:0 и се пласираа во финалето на шпанскиот куп, а нашата златна девојка постигна три гола и тоа за 13 минути плус нареди две асистенции. Царица е.

Атлетико Мадрид и сезонава ќе ја наруши дуалноста во Шпанија

Победата на „јорганџиите“ над Реал во Суперкупот на УЕФА му покажа на светот дека денешниот Атлетико Мадрид нема да биде само трета сила поред во шпанскиот фудбал, туку сериозно ќе се бори за шампионската титула во сезоната 2018/2019.

Кога малиот Кеита тренирал во кампот на Барса под надзор на Ето

Откако и официјално Кеита Балде потпиша со Интер, во мода се врати едно старо видео од 2005 година каде малиот Сенегалец тренирал во школата на Барселона каде главен играч беше Ето.

Новиот тренер на Реал кој на времето бранел за Барселона

Вечно третиот резервен голман имал интересен фудбалски пат кој на крајот го доведе до шпанската репрезентација и Реал Мадрид, клуб поради кој доби отказ од сојузот.

Лео е најтрофејниот играч во историјата на Барселона

Откако Каталонците после пресврт ја совладаа Севиља со 2-1 во мечот од шпанскиот Суперкуп одигран во Мароко, новиот капитен на Барселона по 33. пат се израдува на еден голем трофеј освоен со тимот од Камп Ноу.

Меси во недела може да стане најтрофејниот играч во историјата на Барса

Според многумина најдобриот фудбалер на планетата, утре вечер може да влезе во историјата како најтрофеен играч на каталонскиот гигант.

Новиот шпански Суперкуп е права шпанска серија

Наместо традиционалните два меча, од годинава за пехарот во шпанскиот Суперкуп ќе се игра само еден натпревар а за датумот се испокараа Севиља, Барселона и федерацијата.

Сличностите меѓу неприкосновените Барселона и Реал Мадрид во ЛШ

Од 2006-та година до денес, пехарот од Лига на шампиони дури осум пати патуваше во Шпанија, само кај две екипи, се знае кои. Реал и Барса одбележаа една голема победничка ера и тоа копирајќи се едни со други.

Офсајд ликови на денот: Навивачите на Рома

Клубот официјално го соопштува новото засилување кое според висината на трансферот од 36 милиони треба да е топ крило, ти палиш кола или фаќаш воз за аеродром и дремеш до полноќ за да го пречекаш. И кога авион слетува, ама без засилувањето. Тоа е. Им влегоа појаки во игра.

Колумбискиот стрелец од одбрана кој добил име по цртанот Том и Џери

Ај што е висок 195 сантиметри туку и има одраз како Јанис Антетокумпо од НБА. Колумбиецот Јери Мина сосема неочекувано стана најдобар стрелец на својата репрезентација на Светсково иако игра како централен дефанзивец во одбраната.

Транс на Аргентинците во Буенос Аирес и Барселона

Во маалата на Буенос Аирес каде се живее за „гаучосите“ синоќа била права лудница. А весело било и во Каталонија.

Бразилците не може да се донаиграат фудбал

Сте се запрашале ли по по колку средби годишно има еден фудбалски клуб? Или поточно прават ли нешто друго Бразилците во животот освен што играат фудбал. Што мусклули ќе имаа на толку орање.