Што биднало со згужваната салфетка на која е напишан првиот договор на Барса со Меси

Иако има годишен буџет од околу 30 милиони евра, фамозната академија на Барселона - „Ла Масија“ долго време се нечкала дали да потпише договор со малиот Лионел Меси чие семејство барало изнајмен стан, патни трошоци и плаќање школарина.

На мала згужвана салфетка е потпишан еден од најважните документи во историјата на фудбалот - првиот договор на малиот Лионел Меси.

Тогаш Лео не бил суперѕвезда но важел за голема надеж на школата на Барселона. Луѓето од управата на клубот тогаш сакале по секоја цена да го задржат 13-годишното чудо од дете за кое давале големи средства за потребните терапии (имал дефицит од хормонот на раст).

БАРСА ЈА ОДЛОЖУВАЛА ОДЛУКАТА ЗА ДОГОВОР СО МЕСИ

Малиот Лионел заедно со татко му слетал во Барселона на 17 септември 2000-та година. Проба во славниот клуб му организирале менаџерите Мартин Монтеро и Фабијан Солдини од родниот град Розарио.

Видеа со настапите на Меси, овие двајца му пратиле на Орасио Гаџоли, нивниот европски партнер кој соработувал со Хозеп Марија Менгелеј - акционер во Барселона и советник на тогашниот претседател Жоан Гаспар.

На првиот тренинг Меси излегол на терен и дал 6 гола. Тренерите биле шокирани што прави малиот со топка, но не можеле да донесат одлука без дозвола на Карлес Решак - спортскиот директор на Барса. А Решак бил во Австралија каде скаутирал играчи на Олимписките Игри во Сиднеј.

Карлос Решак, поранешен спортски директор во Барселона

За да го убедат Решак тренерите спремиле сериозен испит за Лионел - го пуштиле на терен со 15-годишни, далеку покрупни деца. Малиот Лео одиграл толку добро што двајцата тренери на младинските категории Рифе и Мигали гласно рекле: „Мора да го задржиме малиов. Како знаеме.“

Задоволен бил и Решак.

Во месец октомври Лионел се вратил во Аргентина со татко му во добро расположение - Решак ги уверувал дека скоро ќе потпишат договор.

Ама поминале неколку недели и никакви вести немало. Никој не се јавувал. Татко му на Лео посомневал, а менаџерот Солдини секој ден се нервирал по телефон затоа што од Барселона му одговарале дека уште ништо не е решено.

Малиот Меси во Ла Масија со Фабрегас, Пике и другите

Барселона ги развлекувала преговорите за договор затоа што решението било крајно спорно за клубот кој морал многу да плаќа.

Прво за терапиите за хормони за раст (Лионел бил многу малечок, низок и му требале специјални инјекции). Второ, не сакал да живее во интернат со другите деца, а татко му сакал во Барселона да го пресели целото семејство па требале да му обезбедат и стан.

Инјекциите, изнајмен стан за целата фамилија, патни трошоци, исхрана - сево ова им изгледало многу иако буџетот на Ла Масија (познатата академија на Барселона) има годишен буџет од 30 милиони евра.

ИСТОРИЈА НА ЛЕГЕНДАРНАТА САЛФЕТКА

После речиси два месеци натегање, на 14 декември 2000, Гаџоли и Решак играле тенис на терените на спортскиот клуб Помпеја.

После партијата тенис, двајцата седнале на ручек во ресторанот каде им се придружил и Хозеп Марија Мингел - еден од директорите во Барселона кој во клубот го донел Диего Марадона на времето.

Кафе-бар во тенискиот клуб Помпеја

„Карлес, работите отидоа далеку. Он или ќе игра во Барса или ќе оди во друг клуб“, отворено Гаџоли му поставил ултиматум на спортскиот директор Решак.

„Точно знаев дека просто немам право на грешка да го пропуштам малиот“, се сеќава подоцна Решак.

После неколку секунди, поради тоа што немало лист хартија на масата, Карлес Решак земал една салфетка и напишал:

„Во Барселона, на 14 декември 2000 година, во присуство на господата Хозеп Мингел и Орасио, техничкиот секретар на Барселона Карлес Решак се обврзува под своја одговорност, без разлика на спротивните мислења, да потпише договор со играчот Лионел Меси, ако се соглаиме за сумата.“

На крајот Решак се потпишал и им ја додал салфетката на Гаџоли и Мингел - и тие да удрат потпис.

После една недела документот го завериле на нотар, а согласноста потпишана на салфетка Барса го поткрепила со гарант-писмо во кое се наведува дека на семејството Меси ќе им се изнајми стан, на Лионел ќе му се покрива школувањето и на татко му ќе му најдат нова работа.

На 15 февруари следната 2001 година семејството Меси во полн состав слетало во Шпанија.

ШТО БИДНАЛО СО САЛФЕТКАТА?

Историскиот документ од голема вредност го поседува менаџерот Гаџоли кој се преселил во Андора и го чува во сеф во банката Credit Andora.

Орасио и натаму се грижи за интересите на некои фудбалери меѓу кои во моментов и Марко Асенсио од Реал. Тој признава дека добил многу милионски понуди од целиот свет да ја продаде салфетката.

Но никогаш не помислил на такво нешто.

„Мислам дека на салфетката местото и е во музејот на Барселона. Таа ја смени современата историја на клубот. Нејзинотот место е во посебен агол, заедно со „Златната топка на Лео“- вели Гаџоли.

Пред неколку години претставници од музејот на Барса го контактирале Орасио но преговорите се во мирување затоа што во клубот сметале дека договорот е конфиденцијален, односно дека е подобро да не го покажуваат јавно додека Меси активно игра фудбал.