Изминатото лето, Бразилецот Малком бил пред потпис со Рома. Буквално на неколку часа пред летот за Рим, менаџерот му се јавил и му соопштил дека понуда за него пратила и Барселона па фудбалерот на Бордо без размислување откажал премин во Рома иако на аеродром веќе го чекале стотина навивачи на римскиот клуб.
Но на Малком не му тргне се по планираното. Тренерот на Барселона Валверде долго време не го држи ниту на клупата, тој не е во составот и најчесто е на трибините.
Центарфорот нема место покрај Суарез, Меси и Кутињо па по сопствено признание, паднал во депресија, размислувал да го напушти „Камп Ноу“ и да оди некаде каде ќе игра повеќе.
Го следеа и ситни повреди, а синоќа откако повторно беше на клупата за резерви, тренерот му даде шанса во 81’ минута и Малком буквално за минута ипол на теренот постигна убав гол за водство на Барса:
Не издржа и за време на прославата со соиграчите се расплака:
21-годишниот Малком во Барселона дојде за 40 милиони евра а гол за Каталонците постигна само еднаш и тоа на ревијалниот меч против Рома на International Champions cup во САД.