Словенечкиот репрезентативен голман синоќа во триумфот на неговиот Атлетико Мадрид кај Виљареал 0:2 имаше одбрана која скоро сигурно ќе заврши во топ3 одбрани на крајот од сезоната 2020/2021. Не е нормална оваа реакција:
Во френетично лудата Јужна Америка да ве викаат „Лудиот“ значи дека нешто стварно има тука. Херман Бургос беше легендарен голман на Ривер Плејт, Мајорка, Атлетико Мадрид и репрезентацијата на Аргентина. До скоро долги години му беше десна рака на Чоло Симеоне во Атлетико, ама поради конфликтен однос Бургос заминал.
Како на лесен тренинг, европскиот шампион се прошета по „Олимпико“ во Рим и си поигра со шестопласираниот тим во Серија А. Во Букурешт, каде Атлетико Мадрид беше условен домаќин против Челси, францускиот репрезентативец го реши мечот со спектакуларни ножички.
„Да не беа другар ми Бруно на времето и татко му Итаир, тешко дека денес ќе бев на местото на кое сум, во Лига на шампиони со Атлетико Мадрид“, раскажува бразилскиот стопер Фелипе.
На мечот Еибар - Атлетико М. во 12' минута беше досуден пенал. Тренерот на домаќините Мендилибар му дозволил на српскиот репрезентативен голман Марко Дмитровиќ да го изведе, со цел ризик ако му го одбранат да се отвори брза контра. Дмитровиќ беше сигурен реализатор за 1-0.
Сите фудбалери на Атлетико Мадрид поседуваат модерни џипови кои клубот им ги обезбедил. Ама ни тоа не помогнало во јаките снегови кои го зафатија Мадрид, па белгиската ѕвезда Фереира Караско прифатил совет од комшијата.
Англискиот бек одигра одлична сезона за Атлетико Мадрид, настапи на 19 натпревари и стана стандарден репрезентативец на Англија. Ама го стигна делото кое го направил претходно.
Наместо строги, ригидни судии со кои не можат да разменат ни добар ни лош збор, Матеу Лаоз важи за арбитар со кого играчите може да продискутираат за временска прогноза, за отворени кафулиња или за автоделови.
Супер дуели ќе гледаме во нокаут фазата од елитното друштво. Френки Лампард ќе се судри со бандата на Чоло Симеоне, Ливерпул имаше горе-долу добра ждрепка и ќе игра против германски Лајпциг. Меси и Барса ги чека јако дерби.
Фудбалерите на Реал Мадрид и покрај двата порази од Шахтјор Доњецк во групата, успеа вечерва победи и да се пласира во следна рунда каде одат уште и Атлетико, Борусија Менхенгладбах, Порто, Сити, Баерн, но не и Интер.
Можеби некои ги сметаа за аутсајдери во групата Б бидејќи беа во четвртиот шешир, но Германците одиграа реми со Реал и Интер, а вечерва го понижија Шахтјор Доњецк со 6 комада од кои 4 на полувреме. Хет трик на Французинот Алесане Плеа. Атлетико ремизираше во Москва.
Скоро и да немаше коло во Лига на шампиони или во португалската Примеира, а неверојатниот Џексон Мартинез да не беше на листата на стрелци за Порто. Расен шпиц во рангот на Фалкао и Халк кој за жал повредите го спречија да го покаже целиот свој раскошен талент.
Само четири клубови во светот во последниве 10 сезони заработиле повеќе пари од трансфери од Мадриѓаните. Со аргентинскиот стратег најпрофитабилно лето клубот имал лани во кое од играчи инкасирал 312,5 милиони евра.
Аталанта не успеа да стигне до првиот пласман во полуфинале на ЛШ во нивната историја, но Лајпциг успеа против искусниот тим на Диего Симеоне кој има две финалиња. И вториот меч донесе драма во финишот кој Германците го решија со 2:1 и го шокираа Атлетико.
Судиите на синоќешниот дерби меч од Ла Лига тотално го изгубија компасот. Досудија три пенали од кои еден постоечки, друг сомнителен, трет тешки срамотилаци. Каква ли технологија треба да излезе за да се престане веќе со овој аматеризам.
Иако неговиот Атлетико на Камп Ноу освои златен бод (2:2) во трката за Лига на шампиони, притоа му помогна на градскиот ривал Реал да се доближи до титулата, Диего Коста синоќа ги имаше најлошите 4 минути во кариерата.
Општо познат факт е дека голман не може да биде секој. За тоа не само што требаат мачкини вештини, него треба и некој летнат гулаб. Херман Бургос, на млади години во Ривер Плејт:
Под тренерската палка на големиот Антиќ поминале фудбалери како Чави, Иниеста, Диего Симеоне, Овермарс, Пујол, Де Бур, Пантиќ, Љубо Пенев, Георге Хаџи, Јеро, Маноло.
Трофејниот српски тренер кој седеше на клупата на најголемите шпански клубови Реал, Барселона и Атлетико Мадрид, починал во клиниката „Рубер“ на 71 година во главниот град на Шпанија, од сепса и проблеми со панкреатитис.
Нетфликс и другите титани на филмската продукција сериозно би можеле да подразмислат да снимат документарец или игран филм за животот и делото на Анхел Кореа, Аргентинецот од Атлетико Мадрид.
На Ливерпул, ваков како што е опасен и полетен со Клоп и плус бранител на европската титула, да му одиш на гости, да губиш 2:0, а потоа да му пикнеш 3 комада во продолженија, треба стварно да си мангупиште. Чоло синоќа беше, а дома имаше џумбус кој го снимаше жена му.
Кога во 56’ минута од реваншот Ливерпул - Атлетико Мадрид, Диего Симеоне го извади Диего Коста и го стави малку познатиот Маркос Љоренте, никој не можеше да претпостави што ќе се случи.