Во Билбао, главниот град на автономната покраина Баскија фудбалот е религија. Сме пишувале како за нивниот миленик Атлетик играат само домашни играчи, родени во Баскија. Синоќа на меч од шпанскиот куп во женска конкуренција (Куп на кралицата) меѓу Атлетик Билбао и Атлетико Мадрид имало 48.121 гледач! На женски фудбал, да.