Таг: атлетико мадрид

Херојски хет-трик на Роналдо за елиминација на Атлетико

Ако вечерва Кристијано Роналдо, како и секој навивач на Јуве побараше режисер за да им го напише најпосакуваното сценарио за реванш осминафиналниот дуел од ЛШ, тоа ќе изгледаше токму вакво. 3:0 и три гола токму на Роналдо против довчерашниот градски ривал. Па има ли послатко?

Една од причините за поразот на Јуве од Атлетико

„Јорганџиите“ му дадоа 2 гола на Јувентус во самиот финиш и скоро да ја завршија работата околу пласманот понатаму. Во разните анализи се појави и податок околу тоа колку време фудбалерите на Атлетико се во клубот а колку оние на Јуве.

Сите одлуки по консултација со ВАР во Лига на шампиони

Ова е првата нокаут фаза во историјата на Лига на шампиони во која се користи технологијата на видеоповторување. На првите средби меѓу Атлетико и Јувентус, како и Шалке и Ман. Сити имаше неколку прегледувања на спорни моменти.

Нема потврда екипа од Атлетико Мадрид

Најголемиот проблем кога играш против Атлетико под водство на Симеоне е да му дадеш гол, особено дома. Oна „Битно да не примиме гол, а дадеме барем еден“ кај нив е светост. Шест сезони им успева.

Диего Симеоне едно две па збори за мадиња и гестикулира мадиња

Не му е прв, а со оглед на неговиот бурен темперамент, ни последен пат да се фаќа за јајца и да демонстрира машкост.

Роналдо со ист гест неколку пати ги провоцираше навивачите на Атлетико

Триесет и четиригодишниот Португалец не можеше да оддолее на жестоките свирежи од „Ванда Метрополитано“ стадионот во Мадрид, па со прсти им покажа на домашните навивачи колку титули во Лига шампиони има освоено.

Јувентус потона во Мадрид, Сити победи со пресврт во 90-та

По најдосадната осминафинална вечер во ЛШ со компир голови, спортската среда возрати со многу поголема возбуда и вкупно 7 погодоци. Шалке и Манчестер Сити одиграа лудачки меч со два пресврти, а Јувентус се соочи со пораз доста незгоден за анулирање.

Диско преработката од 1985-та која тргна од мало место, а сега ја пее цел навивачки свет

Во последниве две години, ширум фудбалските стадиони во Европа често се пее една неверојатно певлива мелодија која настанала пред 34 години од италијанското дуо Ригеира.

Одбрана на Јан Облак што ќе ја гледаш одново и одново

Во 3’ минута од мечот Бетис - Атлетико Мадрид, гостинскиот голман Јан Облак направи фантастична парада и го одбрани ударот со глава на стоперот на домаќините Зухаир Федал.

48.000 гледачи на женски фудбал во Шпанија

Во Билбао, главниот град на автономната покраина Баскија фудбалот е религија. Сме пишувале како за нивниот миленик Атлетик играат само домашни играчи, родени во Баскија. Синоќа на меч од шпанскиот куп во женска конкуренција (Куп на кралицата) меѓу Атлетик Билбао и Атлетико Мадрид имало 48.121 гледач! На женски фудбал, да.

Диего Коста со петарди го разбудил брат му

Се испостави дека не е битанга само на теренот, туку и надвор од него. На шпанскиот фудбалски репрезентативец Диего Коста му било досадно па решил да си поигра со брат му додека овој спиел.

Шпанска доминација

Интер се посрамоти со ПСВ, Милан со Олимпијакос, а Наполи не ја издржа групата на смртта. Кај Шпанците не постои тоа „се посрамоти“ и тие не сакаат да чујат за елиминација уште во групна фаза. Последен пат киксирал Реал Сосиедад во 2014/2015.

Ливерпул и Тотенхем одат понатаму, Интер испадна

Во првата рунда од последното коло на Лига на шампиони познати се учесниците во следната рунда. Тотенхем успеа во намерата да спаси кожа на „Камп Ноу“, Интер разочара со ПСВ.

Неверојатниот Диего Годин

Атлетико Мадрид на два пати губеше дома од Атлетик Билбао со 0-1 и 1-2 но на крајот капитенот Диего Годин направи луд подвиг откако повреден остана на теренот и додека кривеше, го сврте резултатот.

Икарди му донесе голем бод на Интер, нерешено и меѓу Наполи и ПСЖ

Атлетико Мадрид ѝ се реваншираше на Борусија Дортмунд, Тотенхем славеше против ПСВ по пресврт во финишот а Порто со 4-1 ја згроми Локомотива Москва.

Барселона одржа предавање на „Вембли“, Наполи го скроти скапиот Ливерпул

Пабло Росарио од ПСВ, Гроенвелд од Бриж и Наинголан од Интер постигнаа прекрасни голови кои ќе конкурираат за најубав погодок на колото во цела Лига на шампиони.

Најк прави дресови за Барса, Рома, Челси со мапа од градски локалитети

Другпат во обидите да направат нешто иновативно претеруваа па наидуваа на критики, ама последниов обид им е сосема океј. Ако ги занемариме циркусите бои, замислата им е фина.

Газдите на кои не им е доста еден клуб

Зошто да имам клуб во Премиер лигата кога можам и во Сараево или што ќе ми еден или два Ред Була кога можам да имам пет. Главната цел на милијардерите не е да го развијат фудбалот, туку да им пораснат милијардите. Сегде би вложиле, само да им се врати дупло. Што, да не не е така?

Рома на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо се враќа на „Олд Трафорд“

По фантастичното Светско првенство, најдобриот фудбал ќе продолжи преку натпреварите во Лигата на шампионите и Лига Европа. Ждрепката во Монако донесе неколку мега дуели.

Атлетико Мадрид и сезонава ќе ја наруши дуалноста во Шпанија

Победата на „јорганџиите“ над Реал во Суперкупот на УЕФА му покажа на светот дека денешниот Атлетико Мадрид нема да биде само трета сила поред во шпанскиот фудбал, туку сериозно ќе се бори за шампионската титула во сезоната 2018/2019.

Спектакл во Талин, Атлетико убедливо му врати на Реал

Фудбалерите на Атлетико Мадрид убедливо со 4:2 го совладаа градскиот ривал после продолженијата и по трет пат го освоија Супер Купот на Европа.

Како новинар го смислил европскиот Супер Куп

Вечерва од 21 во главниот град на Естонија, Талин, ќе се игра мечот за Суперкупот на Европа меѓу победникот на Лига на шампиони Реал Мадрид и освојувачот на Лига Европа, Атлетико Мадрид.

Двајца синови од иста фамилија победија во Лига на шампиони и Лига Европа

Браќата Тео и Лукас Ернандез ќе се сретнат еден против друг на 15. август во борба за Супекупот на Европа кога ќе играат Реал Мадрид - Атлетико Мадрид.

Фернандо Торес маестрално испратен на последниот меч за Атлетико

Околу 67.000 верни навивачи на Атлетико Мадрид се поздравија со својот најомилен играч - Ел Нињо Торес кој цели 19 години беше во клубот.