Таг: атлетико мадрид

Љубовта меѓу Хуанфран и навивачите на Атлетико

Пред две години Хуанфран не го даде решавачкиот пенал во историското финале на Лига на шампиони против Реал Мадрид, после што им се извини на навивачите. Тие го поддржаа и него и целиот тим. Синоќа одново отиде кај нив, овојпат како победник во Лига Европа.

Апсолутна власт

Ако некој и натаму сомневаше чиј клупски фудбал е најдобар на светот, од синоќа веќе нема дилеми. На Пиринејскиот полустров се игра најдобриот и најуспешниот фудбал.

Гризман и Атлетико шампиони во Лига Европа!

Екипата на Диего Симеоне кој и вечерва издржуваше суспензија па беше на трибините, по трет пат ја освоија Лига Европа откако го декласираа Марсеј со 3:0 (1:0).

Малиот ѓавол се враќа во својот крај - Како Лион го одбил Гризман

Најдобриот француски напаѓач на денешницата вечерва ќе игра со својот Атлетико Мадрид во финалето на Лига Европа во градот чиј фудбалски клуб не сакал да го прими како мал дека бил слаб.

Разликата во Атлетико ја прави Симеоне

Ви се допаѓало тоа или не тоа што игра дефанзивен фудбал, овој човек е мајстор да победи, а да не прими гол. Тоа му е стил откако е укотвен во клубот од 2011-та. Што му донесе таа игра: слава и 5 трофеи. Болни ќе легнат навивачите кога ќе треба да си оди.

Атлетико Мадрид и Марсеј во финале!

Фудбалерите на Атлетико Мадрид и Олимпик Марсеј ќе се борат за вредниот трофеј од Лига Европа откако вечерва обезбедија пласман во големото финале во Лион. „Јорганџиите“ по трет пат во осум години ќе играат во финале на ЛЕ.

Што означува чудниот танц на Антоан Гризман после головите?

Најдобриот фудбалер на Атлетико Мадрид и воопшто еден од најдборите напаѓачи во Европа го спаси својот клуб во ужасно тешкиот меч со Арсенал на гости.

Атлетико се провлече, Марсеј близу финалето во Лион

Првиот меч од „финалето пред финалето“ меѓу Арсенал и Атлетико Мадрид донесе бурни 90 минути со два гола, две исклучувања и многу шанси. Во Франција Марсеј потврди дека е решен да оди до крај.

Лацио декласиран од Салцбург, Ристовски до пирова победа

Римјаните во само четири минути примија три гола и упропастија сè што макотрпно градеа цела сезона во Европа. Нашиот репрезентативен бек одигра одлични 79 минути во триумфот на Спортинг против Атлетико Мадрид.

Јунакот на Атлетико Мадрид со атлетски спринт

Атлетико Мадрид славеше 1:0 на мечот со Депортиво Ла Коруња, а најголемата заслуга за тоа што мечот можеше многу лесто да заврши реми, оди кај Лукас Фернандез кој велат дека трчал со 34 км на час. 

Ристовски против Атлетико Мадрид, Арсенал во Москва

По ждрепката за Лига на шампиони, попладнево во Нион се извлекоа и паровите за четвртфиналето на Лига Европа. Ќе гледаме страшен фудбал.

Меси и Годин мора да се зафркаваа тогаш

Пред пар години на Копа Америка се сретнаа Уругвај и Аргентина. Во еден момент капитените на двете репрезентации несвесно направија многу, многу чуден потег. Синхронизирано го изведоа како да се договориле.

Шиме не е тоа автобусот на Атлетико

Хрватот Шиме Врсаљко е хит во Шпанија. По завршувањето на Куп натпреварот меѓу неговиот Атлетико Мадрид и Севиља, тој до толку се забуља во телефонот, што по грешка им се приклучи на фудбалерите на Севиља. Циркуз.

Најбрзиот напад во историјата на градското дерби

Кога Раул, Бекам, Зидан, Роберто Карлос и Роналдо не им дадоа на играчите на Атлетико да ја видат топката.

Најбистриот фудбалер во Шпанија е бекот на Атлетико

Одличниот дефанзивец на „Јорганџиите“ го руши стереотипот за фудбалерите како неуки и неинтелегентни. Во емисија предизвика реакции како гол во Лига на шампиони.

Каква само Лига Европа нè чека на пролет

Фудбалерите на Вардар вечерва од 21:05 се простуваат со Лига Европа, натпреварувањето во кое на пролет ќе се приклучат неколку гиганти кои испаднаа од Лигата на шампионите.

Атлетико Мадрид испадна од ЛШ, Ристовски солиден на „Камп Ноу“

Манчестер со пресврт во една минута ја совлада ЦСКА Москва, понатаму одат и Базел, Рома и Јувентус. Стефан Ристовски одигра 45 минути против Барселона и на полувреме излезе од игра. Во ЛЕ: Спортинг Лисабон, ЦСКА, Атлетико и Селтик.

Кире Лазаров: „Спортот ќе изгуби најмногу ако се отцепи Каталонија“

Во разговор за порталот „Независне“ од Бања Лука најдобриот стрелец во историјата на Лигата на шампионите кој наскоро ќе го даде и 1.200-от гол во елитното друштво дава интересни одговори.

Фестивал на голови во Париз, Ристовски со нов настап

ПСЖ безобразен против Селтик кој го декласираше со 7:1. Јувентус и Барса одиграа мирољубиво на меч во кој Меси влезе во второ полувреме. Нашиот репрезентативец учествуваше во триумфот на Спортинг од 3:1 против Олимпијакос од 85-та минута.

Чудесија од гол на Гризман против Рома

Го критикуваат дека има голгетерски пост со недели, дека не влегува во шанси и дека не е фикасен. Францускиот репрезентативец во 69’ минута од мечот против Рома даде неверојатен гол/

Што е работата со Атлетико Мадрид?

Очигледно повеќе им годеше стариот „Висенте Калдерон“ зошто откако се преселија на новиот модерен „Ванда Метрополитано“, не знаат што значи две-три победи во серија.

Челси до победа во последен момент, ПСЖ и Јунајтед моќни

Бенфика доживеа потоп и можеби најтежок пораз во европските натпреварувања. Конте и Челси освоија екстремно важни три бода пред самата судиска свирка за крај, а Јувентус рутински го победи Олимпијакос.

Изјава за детството на Ел Нињо Торес

„Кога бев мал кај мене во школо, од 24 деца од моето одделение, 23 навиваа за Реал Мадрид. Само едно дете навиваше за Атлетико, погодете кое.“

Витоло - фудбалерот кој сам го откупи својот договор

Шпанскиот репрезентативец Витоло (27) кој три пати ја освои Лига Европа со Севиља, решил да потпише со Атлетико Мадрид кој е суспендиран и не смее да купува играчи до јануари, но нашол дупки во правилата.