Новото засилување на Кралскиот клуб за кого се скараа комшиите од Мадрид ја зачуди светската јавност откако на промоцијата каде играчите стандардно покажуваат што знаат со топка, таа од него се одбиваше како од дрво.
Реал го прекрши џентлменскиот договор со Атлетико Мадрид да не крадат играчи едни од други откако потпиша со левиот бек Тео Ернандез кој од друга страна не доби никаква шанса на „Калдерон“.
Атлетико Мадрид одигра егзибиционен натпревар против збирштина на неколку легендарни фудбалери. Акциите одеа бавно бидејќи некој се појави со пивски стомак, а друг со коса снешко белич. Како и да е, фино е да се ѕирне оваа голеада во која некои работи се по старо, како на пример асистенцијата на Роналдињо и голот на легендарниот голман Рене Игита.
Дуелот со Реал во полуфиналето на Лигата на шампионите беше последен европски меч на „Висенте Калдерон“. Атлетико Мадрид од август ќе игра на својот нов ултра-модерен стадион.
Го оспоруваа, го омаловажуваа, те не бил за Реал, те не бил за први 11, Мората требало пред него. Карим вчера го зема фудбалот, направи дар-мар и после неговата асистенција падна голот на Иско вреден финале.
Човек да ги гледа овие снимки, а да не го знае резултатот ќе мисли дека Атлетико Мадрид е финалист во ЛШ. Со пирова победа над градскиот ривал, тимот на Диего Симеоне се простува од елитното натпреварување, а навивачите го ценат нивниот труд со кој во изминативе четири сезони беа два пати во финале и по еднаш во четврт и полуфинале. Ова се прави навивачи.
После само 16 минути Атлетико Мадрид беше близу до чудо затоа што поведе со 2:0 и само гол ги делеше од израмнување на вкупниот резултат. Но Иско го кажа последниот збор на мечот и со гол го олади „Висенте Калдерон“. Реал е финалист на ЛШ.
Серхио Рамос не за џабе има 22 црвени картони во кариерата. Да беа судиите повнимателни вечерва ќе го добиеше и 23-от и ќе го испуштеше реваншот од полуфиналето во ЛШ. Не бива ова.
Со вториот хет-трик оваа сезона во Лигата на шампионите и вкупно 47-ми во цела кариера, најдобриот играч според ФИФА, Кристијано Роналдо го тресна градскиот ривал во полуфиналето од најелитното клупско европско натпреварување.
Каде и да играл или да бил тренер, викал, пцуел, урлал, но никој никогаш не му замерувал затоа што тоа го правел како мотивирачки лидер кој способностите ги наследил од баба му од која најмногу се плашел. Ова е сторијата за најдобриот аргентински тренер.
Атлетико Мадрид е првиот полуфиналист во Лигата на шампионите откако вечерва одигра доволни 1:1 против изненадувањето на сезоната во Европа. Серхио Рамос вечерва не беше во својата препознатлива улога со глава, туку со автогол го однесе мечот во Мадрид во продолженија.
При водство 3:0 за Атлетико против Осасуна, гостинскиот голман Салваторе Сиригу кој бранеше за ПСЖ, фати два пенала за две минути. Прво го спречи Јаник Караско да направи хет-трик, а потоа го спречи и Томас Парто да го даде првиот гол во сезоната. Јуначки паради.
Како во Дортмунд, така и во Мадрид судијата досуди пенал по прекршок надвор од 16 метри. Во Минхен, Реал подобар од Баерн кој играше со играч помалку половина час и промаши пенал.
Стефан Савиќ не е од оние мрзливи Црногорци или ботови во одбрана. Првите 45 минути од мадридското дерби заврши без голови благодарение на неговата херојска интервенција, која слободно може да ја прогласат за најдобра во сезоната уште сега.
Најефикасниот тим во цела Европа сезонава, успеа да ја надомести негативата од првиот меч (5:3) и со три парчиња во мрежата на Кабаљеро да ги испрати Пеп Гвардиола и Сити да се посветат на Премиер лига. Атлетико спиеше, Облак го спасуваше од пораз.
17-годишниот Каи Хаверц важи за еден од најголемите таленти во германската Бундеслига, но својата надареност нема да може да ја покаже во реваншот со Атлетико Мадрид зошто има за учење.
Атлетико Мадрид одигра 1:1 со Депортиво на гости, а Гризман го постигна голот кандидат за погодок на сезоната во Примера. Можеби најубав гол на годината во Шпанија.
На вечерашниот меч Депортиво - Атлетико Мадрид, напаѓачот на гостите Фернандо Торес при еден дуел со противничкиот стопер незгодно падна и изгуби свест. Буквално сите играчи на теренот занемеа од потресната глетка, а според последните информации состојбата на Торес е добра.
Кога поранешниот тренер на ФК Работнички, Игор Ангеловски летото 2015 година пред турската спортска јавност изјави дека неговиот клуб располага со 350.000 евра, новинарите го прашаа дали е тоа месечен или неделен буџет. Тој одговори дека тоа се пари со кои клубот располага на годишно ниво. Токму пред тој негов состав капитулираше турскиот гигант Трабзон со буџет од 105 милиони евра.