Разликата во Атлетико ја прави Симеоне

Ви се допаѓало тоа или не тоа што игра дефанзивен фудбал, овој човек е мајстор да победи, а да не прими гол. Тоа му е стил откако е укотвен во клубот од 2011-та. Што му донесе таа игра: слава и 5 трофеи. Болни ќе легнат навивачите кога ќе треба да си оди.

Атлетико Мадрид пред Диего Симеоне има 5 европски финалиња: Купот на куповите на победниците во 1961-ва (победа против Фиорентина), 1963-та (пораз од Тотенхем) и 1986-та (пораз од Динамо Киев). Потоа Куп на Европски шампиони 1974-та (пораз од Баерн Минхен) и Лига Европа 2010 (победа против Фулам).
 
Со Симеоне стигна до 4 европски финалиња. Прво ја освоија Лигата на Европа во 2012-та кога во финале го совладаа Атлетик Билбао, а сега ќе се борат за истиот трофеј против Марсеј, плус имаат и две финалиња во ЛШ кои ги загубија од Реал во 2014-та и 2016-та.
 
Зборуваме за Атлетико Мадрид без Симеоне 108 години и со Симеоне 7 години во кои им донесе и Ла Лига, Копа дел Реј, Супер Куп на Шпанија и Супер Куп на Европа.
 
Под негово водство Јорганџиите дома имаа неверојатен скор на европските натпреварувања или поточно тие се вистински газди на свој терен. На 38 меча имаат: 30 победи, 5 нерешени и 3 порази, само 15 примени гола и дури 26 меча без примен гол.
 
 
Атлетико сезонава во Лига Европа во нокаут фаза не прими гол од никој на домашен терен.
 
Во 16 финале: Арсенал - Копенхаген 1:0, во 1/8 финале: Атлетико - Локомотив Москва 3:0, во 1/4 финале: Атлетико - Спортинг 2:0, во 1/2 финале: Атлетико - Арсенал 1:0. Лудо.
 
Ако и ова ви е малку како податок, да ѕирнеме како играат во првенство. Атлетико од досегашните 35 кола, дури на 23 меча не примил гол во Ла Лига и има 18 примени голови. За споредба Барса примила 21, а Реал Мадрид 37.
 
Љубители на гаѓање точен резултат, пазете ова: Атлетико сезонава 12 пати победил со резултат 1:0 на сите натпреварувања.
 
Тоа е таа гранитна одбрана која ја поставува Чоло - докторот за победи без примен гол.
4 мај 2018 - 10:33