Диего Симеоне едно две па збори за мадиња и гестикулира мадиња

Не му е прв, а со оглед на неговиот бурен темперамент, ни последен пат да се фаќа за јајца и да демонстрира машкост.

Еден од најдобрите тренери на денешницата толку бурно ги следи натпреварите крај аут-линијата, што неколку пати прави неартикулирани потези кои јавноста му ги оправдува. Синоќа кога Диего Годин зголеми на 2-0 против Јувентус во осминафиналето од ЛШ, Симеоне се сврте кон гледачите и вулгарно се држеше за јајца.

После мечот раскажал зошто го направил тоа:

„Го правев тоа и кога бев играч уште на времето во Лацио на меч против Болоња, и го направив сега уште еднаш за да им покажам на навивачите дека имаме мадиња (cojones). Тоа не беше да го омаловажам противникот, затоа посебно се свртев кон нашите навивачи.

Признавам дека е неприличен гест, но почуствував потреба. Беше толку тежок меч а ние многу се боревме. Диего Коста одигра моќно иако не беше 100% спремен. Морав да покажам што чувствувам. Можам само да им се извинам на сите кои ги навредив. Но го направив тоа од срце.

Зошто направив гест со мадиња? Тоа значи дека ние имаме јајца. Големи јајца. Ги пуштив Коке и Коста заедно од старт после еден месец отсуство а за тоа треба мадиња. И ги пуштив.“

***

Ова е далеку од првпат Симеоне да прави нешто повразно со мадиња. Во април минатата година после нерешениот меч со Арсенал на кој Атлетико Мадрид најголем дел играше со играч помалку по црвениот картон на Шиме Врсаљко, Симеоне изјавил:

„Луѓето не може да разберат колку е тешко да играш одбрана со играч помалку. Да, фудбалот е игра, а играта е забава. Но вие треба да имате јајца со десет души да се браните 80 минути“, рекол Чоло по дуелот во Лондон.

Во 2014 година по триумфот во полуфиналето на ЛШ против Челси (3:1), тој кажал: „Фала им на мајките на овие играчи. Родиле деца со големи јајца“.

****

Можно е да се работи за суеверие. Како пред неколку години објаснил аргентинскиот новинар Гало Фернандез, во Аргентина многу веруваат дека ако се држиш за „машкоста“ - ќе имаш среќа.

„Пред тебе прошла црна мачка? Фаќај се за јајца или држи се за коса и ништо нема да ти се случи“, гласи еден од исконските ритуали во Латинска Америка.