Секој што прати шпанско или има стаж на во кладилница многу добро знае каква екипа е Атлетико Мадрид. Откако Диего Симеоне ги зема под свое на средина од сезоната 2011/2012 ги направи машини за играње цврст и груб фудбал со посебен акцент на одбраната.
Толку се јаки позади и непробивни што може од нив да учат и италијански екипи. Само оваа сезона до сега имаат седум победи од по 1:0 и вкупно 12 кои завршиле со 0-2 гола на сите натпреварувања.
Пред Јувентус да им гостува во осминафинале, веројатно се запознале со овој податок:
- Атлетико Мадрид дома нема пораз во нокаут фаза од ЛШ на последните 12 меча (7 победи и 5 нерешени).
Епа сега се 13.
0 - @atletienglish are unbeaten in their last 12 home games in the @ChampionsLeague knockout stages (W7 D5). In fact, they’ve only conceded one goal in their last 10 matches at home in the knockout phase, an Isco strike for Real Madrid in May 2017. Unbridgeable. pic.twitter.com/yuTAFP6YWc
— OptaJose (@OptaJose) February 20, 2019
Како и со овој:
- На последните 10 меча дома во нокаут фаза од ЛШ примиле само еден гол. ЕДЕН.
Роналдо, Манџукиќ, Дибала и компанија синоќа си имаа работа со екипа која под водство на Диего Симеоне во нокаут фаза дома има примено само 2 гола на 12 меча. И тоа и двата меча ги добиле со Милан и Реал.
Goles concedidos por el Atleti de Simeone en casa en partidos de Fase KO de Champions League:
— MisterChip (Alexis) (@2010MisterChip) February 20, 2019
1 (4-1 contra el Milan en 2014)
0
0
0
0
0
0
0
0
0
1 (2-1 contra el Madrid en 2017)
0
10 de 12 con la portería a cero!!!! Es una brutalidad. pic.twitter.com/luIO0nzGmv
И за да нема крај од овие фасцинантни статистички податоци го имаш ова:
- На сите 204 домашни средби под водство на Чоло, Атлетико има повеќе натпревари без примен отколку со примен гол.124 наспроти 120.
Ако и сè ова не ви беше доволно, одиме сезона по сезона за да видите колку голови примаат во однос на Барса и Реал. 2011/2012 не ја сметаме бидејќи Симеоне дојде на пола и само во една од вкупно шест сезони не успеале да бидат најдобри според тој показател.
Примени голови:
2012/2013
Атлетико Мадрид 31
Барселона 40
Реал Мадрид 42
2013/2014
Атлетико Мадрид 26
Барселона 33
Реал Мадрид 38
2014/2015
Барселона 21
Атлетико Мадрид 29
Реал Мадрид 38
2015/2016
Атлетико Мадрид 18
Барселона 29
Реал Мадрид 34
2016/2017
Атлетико Мадрид 27
Барселона 37
Реал Мадрид 41
2017/2018
Атлетико Мадрид 22
Барселона 29
Реал Мадрид 44