Во почетниот состав кој го избра Диего Симеоне, 8 фудбалери имаат баш долг стаж во клубот и одлично се познаваат меѓу себе, а тоа е многу важно на теренот:
Јан Облак - 5 години во клубот
Хуанфран - 9 години
Хименез - 6 години
Годин - 9 години
Луис: 8 години
Родри: 6 години бил во младинската школа
Томас: 8 години
Коке: 19 години во Атлетико Мадрид
Саул: 11 години
Диего Коста: 9 години
Гризман: 5 години
Симеоне: 9 години вкупно
Во стартниот состав на Атлетико Мадрид нема ниту еден играч кој е во клубот помалку од 5 години. Рецептот е успешен.
За споредба, во составот на Јуве само два играчи се во тимот повеќе од 5 години - нормално Кјелини (14 години во Јувентус) и Бонучи (8 години).
Шчесни: 2 години во Јуве
Де Шиљо: 2 години
Кјелини: 14 години
Бонучи: 8 години
Алекс Сандро: 4 години
Бентакур: 2 години
Пјаниќ: 3 години
Матуиди: 2 години
Дибала: 4 години
Манџукиќ: 4 години
Кристијано Роналдо 1 година
Алегри: 5 години
Во просек, Атлетико има фудбалери кои се по 8,6 години во клубот, а Јувентус 4,2 години.
Претстојново лето договорите им истекуваат на Годин кој оди во Интер, на легендата Хуанфран и на Филипе Луис. Во меѓувреме Јан Облак добил понуда од 10 милиони евра годишно за нов договор.
Оваа сезона им е последна шанса на некои од ветераните конечно да го освојуат сонуваниот трофеј во ЛШ.