Томас Парти (26) веќе две сезони е стандарден играч во првиот тим на Атлетико, но тоа воопшто не ги тангира крадците кои добро оценуваат кога тој и неговите најблиски се надвор од домот, па два пати во недела дена го ограбуваат.
Куќата на Парти во елитната населба Боадиља дел Монте во Мадрид била ограбена во понеделникот попладне. Присутен бил чуварот кој избегал неповреден од вооружените напаѓачи, пишува Марка.
Во петокот, вилата одново била мета на крадци, кои биле пресретнати од роднини на фудбалерот внатре во домот, но и покрај тоа одземале неколку вредни работи и неповредиле никој од присутните, пишуваат Кадена Сер и Диарио АС.
Ова е веќе неброен случај со кражби на познатите фудбалери во Барселона и Мадрид. За време на големото градско дерби Атлетио - Реал минатата сабота на стадионот „Ванда Метрополитано“, бил ограбен домот на Бразилецот Каземиро.
Во претходните неколку месеци и години, мета на крадци беа вилите на Лукас Васкез, Иско, Карим Бензема, Зинедин Зидан, Жорди Алба, Жоакин, Езекјел Гарај, Кевин-Принц Боатенг, Рамиро Фунес Мори, Артур, Габриел Паулиста и Жерар Пике.
Шпанската полиција соопшти дека во иднина дополнително ќе се внимава во елитните реони каде познатите јавни личности имаат имоти.