На времето како тренер на Монако, Арсен Венгер не ја вадеше цигарата од уста, но беше помирен од денес. Ждрепката за ЛШ на Французинот му го донесе токму клубот кој го водеше од 1987-ма до 1994-та година.
Како второпласиран во групната фаза од Лигата на шампионите, Венгер е свесен дека неговиот тим и оваа сезона ќе добие тежок противник во нокаут фазата, а за нивна несреќа големи се шансите повторно да им падне европскиот првак од минатата година.
Проектилот на Арон Рамзи на синоќешниот дуел против Галатасарај леташе 26 метри со брзина од 86км на час, а за да стигне до гол му беше потребно само 1,1 секунда.
УЕФА стриктно се држи до финансискиот фер плеј, по што неколку клубови имаат забрана за нови трансфери. Сепак, тоа не е причина истите тие клубови енормно да ги плаќаат играчите во составот.
Сè помалку навивачи на Арсенал го поддржуваат францускиот тренер, кој не сака да прифати одговорност за слабите резултати на клубот кој е без титула во Премиер лигата од 2004-та. Англиските медиуми составија тим од фудбалери кои најлошо играле под неговото водсто.
Саного и Санчез му ја донесоа посакуваната победа на Арсенал, а до важни три бода стигна и Јувентус кој со една нога е во топ 16 фазата. Осминафинале заверија и Атлетико и Баер Леверкузен, Лудогорец го сопре Ливерпул, а Реал стигна до 15-та победа во низа со што Анчелоти го израмни рекордот на Мурињо од 2011/2012.
Пред натпреварот од ЛШ против Арсенал, германскиот клуб тренирал на терен за аматерски фудбал во паркот Риџент во Лондон, каде обично играле другари од населбата.
Потенцијалниот кандидат за клупата на Арсенал имаше стенд ап настап на вчерашната конференција, каде лежерно зборуваше за вечерашниот дуел. За разлика од него, Венгер му врати на вториот акционер по големина во Арсенал, Алишер Усманов кој го кривеше Венгер за лошите резултати.
Тренерот на Дортмунд, Јирген Клоп на прес конференцијата пред мечот во Лондон изјави дека неговиот тим ќе игра растеретено, затоа што веќе се пласираше во следната фаза, а има многу повредени фудбалери. На Арсенал му треба бод за да оди понатаму.
Вториот по големина акционер во Арсенал, Алишер Узманов изјави дека поради принципите на Арсен Венгер, клубот тапка во место и дека Французинот мора да ги признае сопствените грешки, од кои досега не научил ништо.
Еден фан на Арсенал е уапсен по натпреварот меѓу „топџиите" и Манчестер Јунајтед, затоа што ги гаѓал и испрскал со црвено вино резервните играчи на гостите. Уште во 2008. година, Фергусон тврдеше дека клупата не е сигурна поради близината на навивачите позади.
Фаворитска вечер на отворањето на 4 коло од Лигата на шампионите. Славеа Реал Мадрид, Базел, Атлетико Мадрид, Јувентус, Дортмунд, Леверкузен и Бенфика. Реми на Емирати меѓу Арсенал и Андерлехт.
Договорот на Волкот со Арсенал завршува на крајот од следната сезона, но тренерот на „топџиите" сака уште од сега да му го продолжи престојот на Емирати. По една година, Волкот се враќа и во репрезентацијата на Англија.
Арсенал го слави јубилејот од поставувањето на британскиот рекорд, откако „топџиите" ја освоија титулата по низата од 49 натпревари без пораз. На денот кога го славеше 19-от роденден, Вејн Руни од пенал ја прекина триумфалната низа на Арсенал.
Седна на клупата на Арсенал на 1 октомври 1996 година, како замена за непознатиот Брус Риох, а вечерва против Галатасарај одбележува 18 години како тренер на Топџиите. Му поминаа топло-ладно, но нема мотивација да ги раскаже во книга.
Предстојниот крај на неделата носи возбудливи натпревари во најквалитетните европски лиги. Градски ривалства во Англија и Италија, соседни дерби средби во Португалија и Германија.
Интервјуто е напревено од чисто маркетиншки побуди, ама доаѓа со некои интересни прашања за Венгер. Прашањата му ги поставуваат блогери, твитерџии, славни личности и сл.
Стартува групната фаза од големиот фудбалски празник во кој ќе гледаме двајца наши играчи. Турската авантура во најелитното клупско европско натпреварување вечерва пред своите навивачи ќе ја започне Горан Пандев во Истанбул.
На 3 август наполни 17 години, а само еден ден по роденденот за поклон доби прв професионален догоров од Арсенал. Со талентот кој го има сигурно дека Даниел Кровли за кратко време ќе почне ваквите мајстории од слободен удар да ги прави за сениорскиот тим пред полн Емирати.
Повремениот англиски репрезентативец, Алекс Окслејд Чембрлејн поради повреда пропушти голем дел од сезоната лани, а не отпатува ниту на СП во Бразил. Сепак, ако не му оди во фудбалот, играчот за врска на Арсенал совршено добро знае што друго ќе работи.
Гостувањето на „Емирати“ во Лондон чини многу пари, но оваа сезона „Граѓаните“ ќе им излезат во пресрет на своите навивачи кои лани откажуваа карти поради високата цена.