Таг: арсенал

Венгер и Арсенал запеаа Квин

Феноменален клип од страна на еден од авторите на познатиот блог посветен на Арсенал - Gunnerblog. Прилагодениот текст на "Don't stop me now" за одличната форма на Арсенал го „пее" Арсен Венгер со помош на Арон Ремзи, Месут Озил, Џек Вилшир, Пер Мертесакер, Метју Фламини...

Дресот на Озил во Арсенал

Навивач на Арсенал нашол начин како да заштеди пари адаптирајќи го стартиот дрес наместо да купува нов со името на Озил.

Натпреварите на Манчестер Јунајтед се најисплатливи

И оваа сезона Англичаните ќе треба да издвојат цело богатство ако сакаат да ги следат во живо натпреварите на нивните омилени тимови, а според висината на цените и бројот на голови, највеќе им се исплаќа на навивачите на Манчестер Јунајтед, а најмалку на Арсенал.

Пандев во голгетерска форма

Најдобриот македонски фудбалер се наоѓа во одлична форма пред почетокот на новата сезона. По головите против Капри и Галатасарај, Горан Пандев стрелаше и против Арсенал.

Арсенал го налути Виетнам

„Топџиите" како прв премиерлигашки клуб кој го посетил Виетнам направиле грешка во промотивното видео при што ги возменириле во Фудбалската федерација на оваа земја.

Арсенал ќе беше шампион без киксовите

Уште една „што ако" табела на англиската Премиер лига. Ако се избришат сите 179 голови кои биле постигнати по искористена грешка на противникот, тогаш екипата на Арсенал ќе беше шампион на Англија.

„Топџиите“ си ќарија пари од титулата на Барселона

Арсенал ќе добие 3,5 милиони фунти затоа што Барселона викендов ја завери титулата во шпанското првенство, а Хул Сити стана Премиерлигаш, еве зошто.

Најсмешните и најпристрасните родители во спортот

Разно разни се реакциите на татковците и мајките кога нивното дете ќе оствари некој голем спортски успех или ќе добие критика од тренерот. Последниот пристрасен родител е таткото на голманот на Арсенал, Војчех Шчесни кој го обвини Арсен Венгер за лошата форма на неговиот син.

Баерн едвај преживеа, Малага го елиминираше Порто

Фудбалерите на Баерн Минхен имаа огромна предност по првиот натпревар во Лондон, но малку фалеше да ја прокоцкаат. Дебитантот Малага успеа да го победи Порто со 2:0 и избори историски пласман во четврт финалето на Лигата на шампиони.

Некогаш силниот и опасен Арсенал

Арсен Венгер често пати е критикуван од англиските медиуми поради начинот на кој го гради тимот кој не носи успеси веќе 8 години. Со најквалитетните играчи кои ги имаше во 2005 година и со кои го освои последниот пехар, можеше слободно да состави два тима од кои повеќето беа врвни играчи.

Арсенал во тешка мисија, Малага со историска шанса

Натпреварите Арсенал-Баерн Минхен и Малага-Порто ќе ги дадат последните два патника во големата осумка од Лигата на шампионите. Топџиите имаат негатива од 3:1 по првиот дуел на „Емирати", а Порто има минимални 1:0 против дебитантот во ова натпреварување.

Домот на Арсенал

Hypebeast магазинот како дел од нивниот серијал посветен на домовите и креативните простории на највлијателните луѓе, го посетија стадионот „Емирати" и го претставија домот на Арсенал од поинакво светло.

Германците го освоија Лондон

Ги најавуваа како „казнена експедиција", а тие го потврдија својот фаворитски статус. Баерн Минхен го победи Арсенал среде Лондон. На вториот вечерашен натпревар Порто и го нанесе првиот пораз на Малага во Лигата на шампиони.

Елитната шампионска лига продолжува

По пауза од само шест дена љубителите на фудбалот повторно ќе уживаат во нови четири дуели од најквалитетно клупско европско натпреварување, кои ќе се играат во следните два дена. Погледите се насочени кон Лондон, каде силите ќе ги одмерат Арсенал и Баерн Минхен.

Венгер заборави што е тоа пехар

Францускиот стратег кој веќе 17 години е на кормилото на Арсенал, последната радост на навивачите има ја донесе во 2005 година, кога со победата во финалето над Манчестер Јунајтед го освои ФА Купот на Англија. Од тогаш Арсенал е без трофеј точно 2830 дена.

Арсенал го допре дното

Проблемите на Арсенал се продлабочија откако во вторникот „топџиите" беа елиминирани од Лига Купот од екипата на Брадфорд која игра во англиската 4-та лига.

Арсенал од 4:0 до 5:7

Неверојатен натпревар одиграа Ридинг и Арсенал во рамките на четвртото коло од англискиот Лига куп. Екипата на Арсенал губеше со 4:0, но на крајот по продолженијата победи со 5:7.

Само Борусија (Д) и Баерн полнат стадиони

Анализата на германската компанија Stadionwelt покажува дека од сите европски клубови кои играат на стадиони со капацитет од над 50.000 гледачи, само Борусија Дортмунд и Баерн Минхен ги продаваат сите влезници за секој натпревар оваа сезона.

Пола плата за натпревар на Арсенал

Според истражувањето на БиБиСи во кое се анализирани цените на 166 стадиони низ цела Велика Британија, за да посетите фудбалски натпревар на Арсенал ќе треба да издвоите пола македонска просечна плата.

Арсенал и Челси ќе го одиграат најскапиот натпревар

Во рамките на шестото коло од Премиер лигата оваа сабота ќе се сретнат екипите на Арсенал и Челси на натпревар кој според цените на влезниците ќе ја понесе титулата за „најскап фудбалски натпревар".

Најскапа е љубовта кон Арсенал

Навивачите на Арсенал ем одамна не се радувале на титула, ем трошат најмногу пари. Англичаните пресметаа дека доколку некој сака да ги следи сите натпревари на својот клуб во Премиер лигата, најевтино ќе помине ако навива за Виган.

Сите бегаат од Арсенал

Арсенал ја прифати понудата вредна 23 милиони фунти од ривалскиот Манчестер Јунајтед за преселбата на нивниот капитен и најдобар фудбалер, Робин ван Перси. Овој трансфер е само продолжување на традицијата според која ѕвезидте од тимот, а посебно капитените, го напуштаат Арсен Венгер.

Кладилниците го селат Ван Перси во Манчестер Сити

Веднаш штом Робин ван Перси објави дека нема да го продолжи договорот со Арсенал, кладилниците ги објавија своите коефициенти според кои најголеми се шансите тој да ги следи стапките на повеќе свои колеги и да се пресели во Манчестер Сити.