Арсенал во пеколот на Истанбул, Билбао во Неапол

Горан Пандев кој не се најде на списокот на Бенитез, вечерва ќе биде само гледач на Сан Паоло во двобојот за пласман во групната фаза од ЛШ. За таму вечерва ќе се борат и Копенхаген – Баер Л., Стеауа Букурешт – Лудогорец, Бешикташ – Арсенал и Салцбург – Малме.

Наполи – Атлетик Билбао (20.45)

- Наполи и Атлетик Билбао досега немаат одиграно ниту натпревар на меѓународна сцена. 

- Последниот пласман во лигата на шампионите, Билбао го имал во сезоната 1998/99, додека Наполи играше во групната фаза во претходните две сезони 2011/12 и 2013/14; 

- Наполи досега 8 пати се сретнал со шпански тим во европските натпреварувања и има позитивен скор од 4 победи, 2 нерешени средби и 2 порази; 

- Низ историјата, Атлетик Билбао одиграл 13 меча против тимови од Апенинскиот полуостров и има скор од 7 победи 2 нерешени и 4 порази. 

- Наполи е непоразен на последните 5 европски средби на домашен терен (4 победи и  1 нерешена). Викторија Плзен последен пат победила на Сан Паоло во еден европски дуел, кога во сезоната 2012/2013 Чесите славеа со 0-3. 

- Вечерашниот дуел меѓу Наполи и Атлетик ќе биде 150 европски натпревар за Рафа Бенитез. Шпанецот во сезоната 1996/97 ја водеше баскиска Осасуна, а во 11 натпревари против Билбао има 4 победи, 3 нерешени и 4 порази.

- Рафа Бенитез никогаш не го победил Билбао на гостински терен.

 Бешикташ – Арсенал (20.45) 

- На 14 натпревари против англиските клубови, турскиот претставник има 4 победи, 3 нерешени средби и 7 порази (од кои 2 победи 3 нерешени и 3 порази на домашен терен и 2 победи и 4 порази на Островот);

 - „Топџиите“ немаат загубено од турска екипа во регуларните 90’ минути. Скорот во прилог на Арсенал е 4 победи и 3 нерешени исходи. На пенали подобри од пулените на Венгер беа единствено фудбалерите на Галатасарај, кои победија во финалето на УЕФА купот, 2000. година во Копенхаген; 

- Ова ќе биде прв меѓусебен дуел помеѓу овие две екипи; 

- Бешикташ последен пат играл во групната фаза од ЛШ во сезоната 2009/2010, додека Арсенал игра 16 пати последователно во елитното натпреварување; 

- Тимот од Лондон победил во сите претходни 12 дуели од Плејофот за ЛШ. Динамо Загреб (2006/07), Спарта Прага (2007/08), Твенте (2008/09), Селтик (2009/10), Удинезе (2011/12), Фенербахче (2013/14);

- Вкупно 5 гола му дадоа „топџиите“ на Фенербахче во минатогодишниот двомеч од Плејофот. Казорла и другарите славеа 0-3 во Истанбул и 2-0 во Лондон;

- Месут Озил, роден во селото Зунгудлак во северна Турција, за првпат во дресот на Арсенал ќе игра против еден турски тим. Претходно со Реал играше против Галатасарај;

19 август 2014 - 15:34