Клучот на Арсен Венгер е дуото Мертезакер-Кошчелни кои се неприкосновени во одбраната. Статистиката покажува дека на последните 27 меча во кои тие заедно настапиле на цел натпревар пораз на Арсенал не доаѓа предвид.
Кога Венгер ги ставал во игра неговиот тим остварил 19 победи, осум нерешени и ниту еден пораз, а нивниот придонес во одбраната се гледа и по малиот просек на примање голови на Арсенал од само 0,5 во просек по натпревар.
Во статистиката не е пресметен вчерашниот триумф на Арсенал на гостување против Астон Вила од 2:1, на кој овој тандем настапи на цел меч.