На местото на кое Арсенал ги доживеа најславните денови во клупската историја, денес има станбен објект. Цените за стан на местото каде беше Хајбери достигнувале и до 1 милион фунти. И покрај различната намена, автентичноста на местото е иста, а задржани се и многу оригинални елементи од стадионот. Целиот објект беше отворен официјално од Арсен Венгер на 20-ти септември 2009. година.