Последен тренер на еден англиски клуб кој успеал шест пати да му се радува на пехарот од најстарото натпреварување на светот беше Џорџ Ремзи со Астон Вила. Рекордот на Ремзи вечерва го израмни Арсен Венгер, откако Арсенал со головите на Волкот, Алексис Санчез, Мертезакер и Жиру ја прегази Вила со 4-0.
За Арсенал ова е 12 трофеј во историјата на ФА купот, кој е најмасовното и најстарото натпреварување во светот. Инаку, за прв пат во последните осум години колку што се игра финалето на новиот Вембли една екипа славеше со повеќе од еден гол разлика.
Астон Вила ја чуваше мрежата сè до 40' минута од мечот, кога Волкот со волеј удар го отвори резултатот. Следуваа голови на Мертезакер, неверојатна бомба на Санчез и погодок на Оливие Жиру за големо славје на тимот од северен Лондон.
Чилеанецот Санчез сезонава постигна 24 голови а имаше и 12 асистенции, со што ја оправда сумата вложена во него. Само Ван Перси во сезоната 2011/2012 имаше учинок од 46 голови и асистенции.
Хајлатс од мечот: