Репризата од ланското финале на Копа Америка повторно им припадна на Чилеанците кои одново беа подобри од белата точка. Проклетството на Аргентина продолжува, но овој пат остануваат послаби без Меси кој на само 29 години реши да и стави крај на репрезентативната кариера.
На денешен ден пред пет години, славниот аргентински клуб за првпат во својата историја испадна од првата лига. Навивачите не можеа да се помират со тоа и во 90-та минута почнаа да прават нереди. За Ривер тогаш играа Ламела и Павоне, а бранеше Карицо.
На 30-годишнината од најфамозниот гол во историјата, оној на Марадона против Англија на СП 1986 со рака актерите на мечот од Англија зборуваат дека погодокот им е непрежална болка, а судијата не се кае за одлуката.
Ако некој знае да жонглира добро на толку мали години, тоа е детево. Мајка му го убедува дека треба да облече дрес од Колумбија бидејќи тоа е неговата земја, а тој почна да кенка бидејќи преферира нешто друго. На крај ќе ја победи.
Кога го гледате од повеќе агли овој слободен удар на Меси сфаќате дека било голман да беше меѓу стативите не може да му најде лек на овој фелш кој беше упатен високо, остро, силно и точно во агол. САД - Аргентина 0:4 и финале за Гаучосите во Копа Америка каде го чекаат подобриот од дуелот меѓу Колумбија и Чиле. Со ова ремек дело Меси стана прв стрелец на Аргентина со 55 гола и му го сруши рекордот на Батистута кој останува на 54.
САД се домаќини на јубилејната Копа Америка која првпат се играла пред 100 години. Просекот на гледаност е далеку поголем од лани, но организаторот направи неколку грешки со химните. Најпрвин на Чилеанците за време на сред интонирање химна им го пуштија пеачот Питбул, а потоа на Уругвајците им пуштија химна на Чиле.
Генерацијата на Меси, Агуеро и Анхел Ди Марија никогаш не освоила трофеј во сениорска конкуренција. Сега имаат голема шанса да ја израдуваат нацијата, првпат после 1993. година.
Меси како и ден денес, скромен, не крева многу џева. Роналдо со фризура со која би му се смееле и во една скопска населба, Златан дрзок како и секогаш, Бекам како клинец,
Во пресрет на Копа Америка која што годинава првпат се игра надвор од Јужна Америка (во САД), Лионел Меси и Кун Агуеро изразиле желба повторно да бидат цимери во хотелскиот престој. Нивното цимерство датира уште од кога играле за репрезентацијата на Аргентина до 16 години, па до денес.
Фудбалерот за кои навивачите на Лацио извадија знаме „Сакаме 11 Алмеиди“ се избори со алкохолизам, депресија и апатија, го освои Супер Купот на Европа, се врати во татковината и успеа да го врати Ривер во првата лига.
САД ќе бидат домаќин на јубилејната Копа Америка Сентенарио која годинава слави 100 години од одигрувањето на првиот таков турнир на кој се појавуваат сите најголеми ѕвезди од овој дел на светот.
Аргентинскиот судија Херман Делфино ќе биде запаметен во историјата како првиот арбитар којшто сменил одлука откако ја видел телевизиската снимка од спорниот момент.
Креспо беше еден од ретките кои играле во речиси сите големци на италијанскиот фудбал. Се изнадава голови во дресовите на Парма, Лацио, Интер и Милан и по завршувањето на кариерата реши да го пренесува занаетот на помладите.
Пеналите секогаш се драма со јунак и трагичар. На еден меч во аргентинската 4. лига пред 5 години се шутирал 41 пенал, по што публиката почнала да се прозева на трибините. Тоа е воедно е и светски рекорд во Гинис.
Најдобриот стрелец во историјата на аргентинскиот фудбал е запишан во Гинис како првиот фудбалер што промашил дури три пенали на еден натпревар. Легенда е на Бока Јуниорс, а во Виљареал автограм на топката му барал малиот Фернандо Алонсо.
„Мислите дека ако одам во затвор, насилството ќе престане? Дали навистина верувате дека ако нè однесат сите на едно место и нè стрелаат, сè ќе се заврши? Не, тоа нема да заврши. Знаете зошто? Затоа што е наследно" - рекол на суд лидерот на La 12, Рафаел ди Зео.
Дали би поверувале ако некој ви каже дека Барселона цели 9 години нема победа во еден град? Каталонците викендов шести пат по ред со спуштена глава го напуштија Сан Себастијан, градот на културата во Европа за 2016-та.
Паузата во клупскиот фудбал за време на која гледаме репрезентативен е можност да видиме со каква младина располагаат водечките селекции во светот или поточно кои се играчите од кои се очекува да го понесат најголемиот товар.
Аргентинскиот напаѓач е преплашен од терористичките напади во Брисел и вели дека летово мора да си оди од Белгија по секоја цена, за што зборувал со менаџерот и сопругата.
До 85-та минтуа од дербито Индепендиенте - Расинг Клуб немаше голови. А тогаш домаќините поведоа 1:0 и кога беа пред освојување три бода, Лисандро Лопес со фантастични ножички на истекот на 90-та минута постигна неверојатен гол за 1:1.
После 11 месеци, Хуан Мартин Дел Потро се врати на тениските терени. Синоќа го победи Денис Кудла со 2:0 во сетови, и ниту во еден момент не се забележа дека паузирал долго поради операција на зглобот. На крајот од мечот израдува и еден млад аргентински навивач (ги имаше илјадници на мечот).
Освен што е позната по тангото, догата и необичната скара, светот ја знае Аргентина и по страшната страст кон фудбалот која често ги преминува границите на пристојноста. Тепачки на терените во оваа земја се редовна слика.
Гранатите во Втората Светска војна го натерале дедо му на Дибала од Полска спасот да го бара во Аргентина, земја во која во 1993. година ќе се роди малиот Јоја. По смртта на татко му решава да го исполни неговиот аманет еден од синовите да игра фудбал.