Поразот од Чиле во финалето од јубилејното 100-то издание на Копа Америја, со што го продолжија постот од 23 години без трофеј само им ги отежнува работите на Аргентиците кои не можат да се соземат, а можно е да останат и без учество на Олимписките игри во Рио.
„Постојат 50% шанси Аргентина да не одбере машка фудбалска репрезентација за Олимпијадата“, изјави шефот на Националниот олимписки комитет на Аргентина, Џерардо Вертхајн за радио Митре.
Ако тоа навистина се случи бенефит ќе има САД или Чиле. Селекцијата на САД може да ја замени Аргентина откако загуби во финалето од Колумбија во КОНМЕБОЛ-КОНКАКАФ квалификацискиот плејоф, а Перу е во игра доколку организаторите се одлучат да му дадат шанса на следниот најдобар јужноамерикански тим од квалификациите.
Според прописите за олимпискиот фудбалски турнир во Рио 2016, организацискиот комитет на ФИФА за Олимписките игри има значителна слобода во носењето одлуки која селекција може да ја избере како замена.
На фудбалскиот турни во Рио ќе учествуваат 16 репрезентации со играчи до 23 години, а секоја земја има право да избере по тројца фудбалери кои се над таа возраст. Аргентина е во групата Д заедно со Португалија, Алжир и Хондурас.
Зошто виси учеството на Аргентина во Рио?
Во последните две недели, Лионел Меси изјави дека се повлекува од репрезентација, додека селекторот Тата Мартино и претседателот на ФА Луис Сегура заедно со неколку високи функционери од федерацијата си поднесоа оставки. Згора на се само 12 од повиканите 18 играчи за Рио добија дозвола за учество од своите клубови. Сега тренерот кој ги повика си замина и не е јасно кој има право во моментов да побара замени.