Таг: африка

„Ми се смееа за скинатите копачки, а јас сакав само да играм“

Goal.com неодамна објави интервју со крилото на Ливерпул Садио Мане којшто раскажува колкав пат изодел од прашливите улици на едно селце во Сенегал, до катедралата на фудбалот „Енфилд Роуд“.

Собирал парички од говорница, сега е играч на месецот во Манчестер

До пред четири години не играл фудбал 11 на 11 и не знаел како изгледа тоа, сè додека скаутите на шпанскиот Еспањол не го откриле на еден турнир во Буркина Фасо. Со жена му се запознал во телефонска говорница во Абиџан, а сега бараат стан во Манчестер.

Казнети затоа што го сакаат фудбалот

Од крајност во крајност е состојбата на стадионите во Нигерија и Македонија. Кај нас доаѓаат 200 луѓе од кои 100 пцујат, 50 грицкаат семки, а 50 само чекаат кога ќе примиме гол затоа што ја играле во кладилница. Во Нигерија друга слика. Таму на мечот против Египет во март на стадион со капацитет од 16.000 дошле околу 40.000. Безбедноста намалена, ризикот голем колку и љубовта кон репрезентацијата.

Најверната навивачка група во Африка

Континентот од каде доаѓаат многу тажни приказни поврзани со животот, знае да извади и по некоја убава. Омилениот клуб на овие навивачи нема никакви успеси, но тие имаат големо срце и одлично знаат што е тоа верност, а ги рушат и стереотипите за Африка.

Документарец снимен од африкански мигрант

Победник на Берлинскиот филмски фестивал, кој заврши викендов, е италијанскиот документарец „Оган на морето" на Џанфранко Роси, кој зборува за животот на медитеранскиот остров Лампедуза среде мигрантската криза. Но и вон главната фестивалска програма беше прикажан еден интересен филм, токму на оваа тема.

Промашување на сезоната во Африка

Аубрај Нгома после оваа утка треба за казна да му дадат на тренинг 100 пати да ја изведе истава акција, ама на мали голчиња. Неговиот тим губеше 2:1 и после промашувањето го израмни резултатот, ама израмнувањето требаше да биде во овој напад.

Ден на дрвото, Африка едишн

Десет африкански држави дадоа ветување ќе обноват 100 милиони хектари изгубена џунгла (за споредба Македонија по површина е околу 2,5 милиони хектари). Надзор и помош им се Светската банка и Германија.

Африкански чуда од техничари

Не навлеговме во тоа кои се, што се и зошто се. Едноставно дечките со топка прават чуда, публиката паѓа во делириум, а ние стискаме рипит.

Африкански дилеми кои звучат познато

Интересен текст за она што ги кочи земјите од Африка во нивниот политички развој: изборот меѓу оние кои користат државни удари за да дојдат на власт и оние кои користат државни удари за да дојдат на власт. А никој не сака да си оди од власта. 

Желбата е на прво место

Иако нема ниту барем малку трева и гол со чудни пропорции налик квадрат, детево од Африка упорно тренира во овие мизерни услови. Му посакуваме успешна голманска кариера во Европа.

БиБиСи бира најдобар фудбалер на Африка

Пет кандидати ја бркаат наградата за играч на годината на црниот континент според БиБиСи, а одлуката ќе падне на 1-ви декември во понеделник. Јаја Туре е кандидат по шести пат.

Сложни лидери на суд не одат

Уште не раскрцкани штембилите на Африканскиот суд за Правда и Човечки права, лидерите на континентот седнаа на сеафрикански самит и се договорија да си дадат самите на себе имунитет од прогон за воени злосторства и геноцид.

Зошто сите книги за Африка имаат иста корица?

Кога едно исто визуелно решение се повторува тоа може да е резултат на мрзливост и некреативност. Но кога има најмалку 36 речиси исти корици за книги кои доаѓаат од Африка или зборуваат за неа, тоа е можеби сигнал дека тука станува збор и за нешто повеќе.

Сте чуле за Вилијам Онјебор?

Нормално дека не сте чуле. Пионер на електронската музика од седумдесетите, тој до скоро беше сосема заборавен. До моментот кога Дејвид Брн му објави албум, а син му на Стинг сними документарец за него.

95% од африканските фудбалери во Европа имаат лажна возраст

Жером Дуфург е француски бизнисмен и директор на фудбалскиот тим Таланта од Кенија. Во интервју за „serieaddicted“ тој отворено зборува како во Африка талентираните играчи за само 8 евра мито, вадат документи и “стануваат“ повозрасни за да се продадат во странство.  

Меси во борба против маларијата

Најдобриот фудбалер на светот иако периодов ќе мора да се соочи со судски процес поради неплаќање данок во Шпанија, сепак најде време да замине во Африка во хумана акција.

Најдобрата жонглерка од Африка

Со нога, со колено, со рамо, на гради, а најмногу со глава. Госпоѓава од Африка жонглира колку сака и како сака, а сигурно броеше до кај 100.

Афричките фудбалери жртви на трговија

Во европските национални првенства настапуваат околу 2000 професионални фудбалери од Африка, но загрижувачки се податоците според кои околу 20 000 малолетни фудбалери од афричките земји, наместо ѕвезди со топката стануваат дел од криминалната мрежа на мафијата.

Африка се дебелее

Ете и тоа доживеавме. Речиси 30 години по оние бенд-ејдови и уса фор африки, на гладниот континент се одржува конференција на тема: што правиме со дебелите?

Калорична вредност на седење

Ловците од Африка кои преживуваат ловејќи зебри и слично, во текот на денот трошат исто калории колку и теткицата што седи пред компјутер на бирото до вас.