Гвакамоле дип

Со домашен тортиља чипс

Потребни состојки:

  • две авокада (зрели)
  • црвен кромид
  • домат
  • лук
  • коријандер свеж
  • лимета (лајм)
  • сол и бибер
  • тортиљи

Ракомет, навивање, срцеви удари и остало. Се знае, кога се гледа утакмица мора да се грицка нешто друго, покрај ноктите. Овојпат, наместо регуларен чипс или пуканки, решив да направам гвакамоле дип со домашен чипс од тортиљи. Решив ако добивам срцев удар нека биде тоа со добра храна. Ок, прво да спремиме све што треба, па после ќе навиваме. МАКЕДОНИЈА! МАКЕДОНИЈА! САМО НАПРЕД ДЕЧКИ!

Чекори за подготовка:

  1. Излупете го авокадото, извадете ја семката (ставете ја до пола во вода потпрена со чечкалици на чашата и ќе ви порасне во прекрасно украсно растение). Исецкајте го кромидот ситно, исто и лукот. Излупете го доматот, извадете ги семките и исецкајте го на ситни коцки. На крај ситно исецкајте го свежиот коријандер (го има на неколку тезги на пазар). Доколку не можете да се снајдете, слободно ставете магданос. Но верувајте, свежиот коријандер го прави вкусот на гвакамолето.

  2. Испасирајте го авокадото и додадете ги останатите работи, исцедете ја лиметата и додадете сол и бибер по вкус.

  3. Измешајте убаво и ставете го во фрижидер да се олади малце. Земете ги тортиљите и пресечете ги на осминки. Гледајте да купите од оние малите, по 8 што се пакувани.

  4. Во тава со загреан зејтин ставете колку што можете и пржете ги додека не добијат златникава боја. Исцедете ги од вишокот мрснотија на салфетка или бришач за раце.



    Земете го гвакамолето од фрижидер, ставете го чипсот од страна и навалете.

Најважно:

Не седнувајте без пиво на маса.
23 јануари 2016 - 15:58