Ноам Чомски го нарече „посмртно ѕвоно за човечкиот вид". Стивен Кинг и уште 450 американски писатели потпишаа петиција против неговата кандидатура. Нo има и такви писатели кои велат дека, за арно или за лошо, тој до сега не направил ништо што е против принципите на демократијата.
Кинеската државна пропаганда со нескриено задоволство ги следи случувањата околу претседателските избори во САД и со сласт го мези сето она што Доналд Трамп му го прави на системот и досега вообичаените стандарди на политичката битка.
Стварно, што прави тој човек сега? Лудува, како во своите најдобри времиња. Му направиле сликовница за деца по негов ќеиф, за измамата за руското влијание. Приказна видена низ очите на „убавиот крал Доналд“ (цар!). Попат пушта и поозбилни материјали потсетувајќи ги сонародниците како се заебаа со Бајден.
"Јас не сум бел националист, јас сум националист. Економски националист", вели Стив Бенон, креаторот на победничката кампања на Трамп кој уште сега се смета за вториот најмоќен човек во поставата на идната Бела куќа. Човекот има пари направено со помош на истите оние кои ја поддржаа наизменичната струја на Тесла.
Едниот затоа што е тешка сировина од човек а другата затоа што е толку преработена што не се гледа човекот, републиканскиот и демократскиот кандидат за американски претседател здружно постигнаа интересна цел: на човека да му ги згадат изборите.
Доналд Трамп веќе ги откажал секојдневните брифинзи кои американски претседател ги добива за клучни информации во земјата и во светот. Еднаш неделно му било доволно. "Ако се случи нешто битно, може да ме побараат. Инаку, шо џабе?", размислува идниот станар на Белата куќа.
Tрката е готова. Меѓу магарето и змијата, Американецот го одбра првото. Нека им е честито. само да не му даваат да си игра со тоа копчињата од нуклеарките.
Во моментот кога Маск ќе стане газда на Твитер, тој ќе ја укине доживотната забрана за поранешниот американски претседател да се појави на платформата, затоа што истата едноставно е глупа.
Републиканскиот кандидат го повика Обама да поднесе оставка, притоа давајќи ја веројатно својата најзбунувачка клевета до сега - дека претседателот можеби некако е има врска со пукањето во геј барот во Орландо.
На секој иборен циклус, кога ќе забревтаат изборните машинерии а страстите ќе почнат да вријат, нормален човек добива чувство дека се допира дното и дека "никогаш вака на било". А било. Не е од вчера констатацијата дека политиката е иста како правењето кобасици.
„Еве што точно треба да направиме за да го спасиме нашето прекрасно општество. Информацијата што ви ја нудиме е онаа на којашто сите чекавме. Правејќи вака можеме на денот на инаугурацијата да го прогласиме Берни за претседател, наместо Трамп. Прочитајте го текстот и споделете со пријатели.“.
Го снимиле како го прашува неговиот одгледувач на коњите дали да го избрка тренерот или не, прославувал триумф над Реал Мадрид качен на слон по улиците, пред мечот против Ајакс го нарекол овој клуб ФК Конго поради многуте црномурни играчи од Суринам.
Во анализа за Њујорк тајмс, Дејвид Брукс објаснува дека поранешната прва дама не ги привлекува гласачите пред се заради својот темперамент, односно дека е постојано опседната со својата кариера и и' недостасува животна радост. Џон Мекартур во колумната за Ле монд дипломатик објаснува дека тоа е најмалку важното нешто што може да се каже за Хилари.