Трамп извади сликовница

Стварно, што прави тој човек сега? Лудува, како во своите најдобри времиња. Му направиле сликовница за деца по негов ќеиф, за измамата за руското влијание. Приказна видена низ очите на „убавиот крал Доналд“ (цар!). Попат пушта и поозбилни материјали потсетувајќи ги сонародниците како се заебаа со Бајден.

За сликовницата за деца, Трамп јуниор ќе напише:

„Заверата против Кралот“ е вистинска сторија за заверата околу руското влијание, напишана за деца од мојот пријател Каш Пател.

Доживејте јаа оваа приказна преку очите на големите ликови како што е убавиот Крал Доналд и Волшебникот Каш. Приказната објаснува како  Хилари Квинтон (Queenton) и Шифти Најт пробаа да ја уништат нашата демократија но вистината за МАГА Кралот сепак победи.

Поддржете го овој голем патриот, образувајте ги своите деца и ставете копија од сликовницата во секое школо во земјата. Нарачајте своја копија на theplotagainsttheking.

**********

 

16 јуни 2022 - 12:41