Иако мнозинството Американци сметаат дека Трамп има дела за кои може да биде отповикан, тоа мнозинство се топи кога прашањето е дали тој треба да биде отповикан.
Ниту германската канцеларка, ниту нејзината влада немаат добиено официјален допис од Вашингтон околу планот за повлекување на американските војници од Германија.
Се работи за првите 10 месеци од годината, а парите што ги имаат потрошено само на Фејсбук се два пати поголеми во споредба со буџетот од 2016 потрошен на истата социјална мрежа. Една четвртина од овие пари е потрошена само во октомври.
Некогашната прва другарка на Меланија, а сега авторка на бестселер на тема Меланија, објави снимка во која првата дама на САД зборува за аферата на Трамп со Сторми Даниелс а.к.а. „порно курвата“.
Оригиналниот и фактографски точен наслов на сторијата е “Најџел Фараж зборуваше на митинг на Доналд Трамп”, меѓутоа сепак не сакаме на прва да вадиме луѓе од памет.
Мајкл Сипли 12 години, од 2004 до јуни 2016, работи како уредник и новинар на Њујорк тајмс, по сето она што се случи со предвидувањата околу изборите, и неколку себе-осврти на уредниците на весникот неговиот став е дека грешката на Њујорк тајмс е што се однесува како светот да постои за Њујорк тајмс, а не обратно.
Веројатно никогаш во историјата на САД немало толку богаташи во една влада, а според бројките од Форбс, Доналд Трамп чие богатство се проценува на 3,7 милијарди долари не е ни најбогатиот член на владата која од јануари 2017 треба да го преземе управувањето со САД.
Отако мажот на Кардашијан ги обелодени своите политички амбиции и најави дека ќе се кандидира на следните изброи, теоретски е можно во 2020 да гледаме претседателски дуел Кање Вест - Доналд Трамп. Оф.
Без разлика колку светот беше убеден дека чиста љубов е основа на бракот меѓу поранешната словенечка манекенка и богаташот и претседател на САД, излезе дека и двајцата ја гледале само сопствената корист.
Навид Афкари е државен шампион на Иран во грчко-римски стил, во борење. Има 27 години а властите во неговата земја го осудиле на смртна казна него и неговите браќа само поради учество во протест против властите.
Впечатокот што го пренесуваат американските медиуми е е дека во првата претседателска дебата Клинтон успева да му влезе под кожа на Трамп и како ретко кога во последниве две години терање кампања, републиканскиот кандидат да ја изгуби смиреноста и постојано да е во гард.