Во вториот дел од приказната за Спалети ќе прочитате за успесите и проблемите во Зенит, неуспешниот кам бек во Рома, шпанската серија со Икарди и жена му, релаксирањето на село каде добил прво повик од Малдини, па од Де Лаурентис.
Не било лесно и не се случило преку ноќ. Приказната за тоа како легендарниот Холанѓанец заминал во Каталонија, кулминирала на 13 август 1973-та. Но таа започнала многу време пред тоа со еден куп сопки.
На луѓето им е преку глава новоразбудени корпорации да им држат лекции како да живеат и што да мислат, пишува Том Слејтер. Бил Бур имаше сличен став за прекинување спортски настани заради „зголемување на свесноста“. „Да ти прекинам филм само за да ти кажам дека познавам човек кој има рак, онака, за да бидеш посвесен?“ се зезаше бостончанецот.
Бил Бур се зезаше дека жените фабрички се љубоморни на мажите затоа што можат да бидат среќни со мали и едноставни нешта. Ѕирнете една машка дружба после која ајваните дома тешко ќе објаснат на што тоа толку заглавиле синоќа и дека не е тоа што госпожата го мисли (види наслов). Фан факт: најкласично машки гледавме до крај, за да видиме кој ќе победи.
Луѓето од Алабама во неделата се разбудија со новостекнато право да носат оружје без дозвола. Со оваа држава, сега во половина од американските федерални држави може да се прави тоа. Пред 13 години, шетање оружје без дозвола беше легално само во две држави.
Ја знаете онаа ситуација кога ќе ви кажат: „Знам дека нон-стоп се караме ама знам и дека длабоко во себе уствари се сакаме“. Бил Бур се најде во таква ситуација со Сара Силверман и поштено се извади од памет: Од кај па сега тоа?
Вечерва во Брисел репрезентациите на соседните земји Белгија и Холандија ќе се сретнат по 127. пат во својата долгогодишна историја а дуелот го следат неколку занимливости.
Само што влезе во игра шпицот на Севиља Висам Бен Једер во рок од 4 минути даде два гола и го исфрли Манчестер Јунајтед од Лига на шампионите. Жозе Мурињо после мечот имаше скандалозно излагање.
Бил Бур не може да се начуди како тоа од нација на хипици кои своите војници ги третираше како убијци на деца, Американците се претвориле во нација која доживува божја епифанија кога ќе види воени авиони над Супербол. А самиот штос со кој си навлекол гнев е многу буровски - здраворазумен, циничен и генијален: Ајде оној што вози џет да го рачунаме за јунак, ама оној што на писта му покажува во кој правец да летне?
Во 2015-та година еден познат писател од карипската земја Јамајка ја доби најпрестижната „Букерова награда“ за неверојатниот роман, а она што се случи со едно дете од неговиот роден град би можело да биде сценарио за филм за Оскар.
Иако почина пред 6 години, Стив Џобс е едно од оние имиња од кои глава не може да крене американскиот завод за патенти. Од неговата смрт до сега има патентирано 141 изуми, повеќе отколку што некои иноватори имаат пријавено дур биле живи.
Правилото за безбеден пасворд е многу едноставно, во комбинацијата треба да имаш мали и големи букви, знаци и бројки, и да го менуваш на 90 дена. Просто, подеднакво просто како и тоа дека никогаш нема да го запаметиш пасвордот. Човекот што го напна цел свет да составува вакви пасворди, сега се предомисли.
Гласачите во Орегон ќе добијат шанса да се произнесат дали треба од уставот да се избрише забраната за двобои меѓу политичари и државни службеници, воведена откако пред многу години се запукаа еден американски потпретседател и еден министер. Не звучи лошо за кај нас, а пошто сме со сите нишани сме либерални, кој сака, може и во Тирана да закаже.
Франк де Бур, Алан Пардју, Гус Хидинк, Гери Роует, Аврам Грант, Најџел Персон или Роберто Манчини? Кој и да дојде ќе има задача да обезбеди опстанок во најдоброто друштво.
Нема еднаш Бур да се има појавено кај Конан а тоа да не биде урнебесно добро. На пример кога ја закачи Опра и нејзината лажна вџашеност од „социопатот на точак“ Ленс Армстронг.
Некои ќе се најдат навредени од урнебесно прецизните поенти на Бур, ама па што, не е тоа црна чума. Од навреденост никој досега не умрел. За таквите имаме и други видеа.
Две хируршки прецизни поенти:
1. Изгуби од човек што неделно кажува по три работи што би упропастиле сечија кампања.
2. Ако за поразот се криви белци расисти, кај беа истите овие расисти на последните два избора кога можеа да гласаат против црнец?
Од 15 години големите европски клубови како Милан, Барселона, Челси и Сити го викале на проба па го одбивале поради наводниот слаб физикус. На крајот татко му одбива да го шета по проби и бара кој е заинтересиран да дојде да го гледа во Данска.