Светата столица соопшти дека конечниот извештај за тајните документи поврзани со скандали во Ватикан ќе му биде презентиран само на новиот поглавар. Но, некои кардинали бараат да знаат за што се работи пред да изберат нов Папа.
По написите на најпознатиот француски магазин „Франс фудбал" кој излезе со сериозни обвинувања дека Катар поткупила членови во Извршниот комитет на ФИФА, за да стане земја домаќин на Мундијалот во 2022, се огласи генералниот секретар на Светската куќа на фудбалот.
Јавниот обвинител на Каталонија покрена обвинение против поранешните потпретседател и директор на фудбалскиот клуб Барселона заради шпионирање на менаџерите, директорите и сите останати вработени во клубот во периодот од 2005-та до 2008-та година.
Човек на Њујорк Тајмс напиша крајно неповолен приказ и рецензија по неговото пробно возење на популарниот електричен автомобил Тесла. Првиот човек на компанијата не остана должен.
Што е заедничко за Оскар Писториус, Ленс Армстронг и Тајгер Вудс? Сите тие беа заштитни лица на Најк и имаа по некоја беља со која на компанијата и направија повеќе негативен публицитет отколку реклама.
Марио Чижмек е еден од хрватските фудбалери кои отидоа во затвор заради местење на натпревари, но за разлика од останатите, тој јавно си призна и во повеќе интервјуа опишува како се местат натпревари. Ова се непишаните правила за манипулирање со натпревар од прва рака.
Замислете бланширани и прсати девојки, седат пред вриштечки ориентален тапет и преку "идиот", на лош германски го пердашат Дарвин и целата таа лага со еволуцијата. Што има да замислувате, ела да ги гледаме.
По соопштувањето на Европската полиција која во 18 месечната истрага успеала да открие 380 наместени фудбалски натпревари, се огласи германски полициски инспектор кој не се сложува целосно со своите колеги за тоа што го кажале во јавноста.
На 19-ти јануари во Атина ќе се одржи масовен анти-фашистички протест, организиран од 24 организации со најразлична политичка позадина, сите насочени против растот на Златна зора и фашизмот во Грција.
Добро е кога е кратко вниманието на јавноста за вест, кога се работи за некоја свадба на Кардашиан. Ама, навистина штета што за некои озбилно битни приказни, вистината се дознава месеци откако на сите ќе им биде преку глава од тоа. На пример: