Осумнаесет годишниот Бугарин Никола Илиев е главна ѕвезда во младинците на Интер. Роден во 2004-та во Русе, Илиев почнал да тренира фудбал во Ботев Пловдив од каде оди во гигантот Интер во јуни 2020-та. Со неговите победнички голови против Рома У19, Интер У19 станал младински Примавера шампион на Италија. Сега во младинска Лига на шампиони круниса една сјајна акција за 2-0 против Плзен У19.
Да ти прикажам еден хронолошки сет од настани за тоа како оваа „наша“ МИА, ничим изазвана се претвори во испостава на Бугарска телеграфска Агенција (БТА). Дали уредници на МИА се Џамбаски, Слави Трифонов и Каракачанов и ја уредуваат МИА од просториите за кои на Ламбе му се споија жичките?
Хрватскиот пратеник Мислав Колакушиќ вади шокантни податоци од Еуростат за вишокот смртни случаи во ЕУ после пандемијата. Шпанија во јули 2022 има 39% а Исланд дури 51% поголема смртност отколку просекот од 2016-2109. Има земји и со многу помали вишоци, на пример Романија и Бугарија, но, заебаното доаѓа кога ќе се спореди нивото на вакцинираност.
Сурфајќи периодов на оваа тема, ни излезе видео кое не можевме да не го споделиме. Треба да знаат помладите дека Бугарите предводени од легендарниот Христо Стоичков, на Мундијалот во САД 1994 стигнаа до сензационално полуфинале и како такви ги совладавме во Скопје.
Спомнете му го мечов на фудбалски југоносталгичар и ти сецка салата со ракија, одма на лице место. Плус кога ќе се сети кој коментираше, нема станување.
Дел играа во Бундеслига, еден во Премиер лига, потоа имаме европски првак, а тука е и стрелецот на првиот гол на Македонија. Она што ги поврзува е што сите го носеа дресот на македонската репрезентација.
На Арената „Тоше Проески“ во Скопје, Јужна и Северна трибина беа исполнети речиси максимално. Скоро 20.000 гледачи им беа голема поддршка на нашите фудбалери кои не одговорија на терен и изгубија од подмладената и со дебитанти во составот Бугарија. Очекувано, имаше погрдни скандирања на сметка на ривалот, а и парола која привлече внимание.
Бугарската фудбалска репрезентација нè спушти на земја и ја казни мизерната ефикасност на Македонија, која со исклучок на дуелите со аматерите од Гибралтар постигна само 1 гол на четирите средби против Грузија и Бугарија во Лига на нации. Џабе сите скандирања „Бугари татари“ и „Бугари цигани“. Мечот требаше да се добие.
Македонската фудбалска репрезентација ја заврши сезоната во Лига на нации со неочекуван пораз од Бугарија од 0:1, селекција која ја доминиравме на првиот дуел во Разград и која ги нема реномето и квалитетот што ги имаше. Бледа игра на момците на Милевски од кои се очекуваше многу повеќе.
И покрај тоа што ги загубивме шансите за првата позиција во група, дуелот меѓу Македонија и Бугарија во последното коло од Лига на нации ги наполни северната и јужната трибина на Градски. Бугарите се соочија со жесток пречек уште при интонирањето на химната.
Натпревар без преголем резултатски императив за двете селекции зошто Грузија веќе го освои првото место во оваа група, но секако одлична појдовна точка за борбите кои следат на патот кон Европско првенство 2024.
Македонија вечерва на преполната „Тбилиси Арена“ во главниот град на Грузија имаше 19 наспроти 8 шута, поголем посед, 9 корнери наспроти 3 на Грузија, поголема контрола но и два кикса кои скапо ја чинеа нашата селекција. Грузија - Македонија 2:0 (1:0).
Ремито против Бугарија на гости или дебаклот дома со Грузија, како сакате, Македонија ќе го плати скапо во ова издание на Лига на нации. Потребно е чудо за да остане во игра за ЕП 2024.