Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Бугарскиот Манчестер како демографска пустина

30 септември 2022
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • „Нема работа, нема млади, нема деца...“ сумира репортажа од Габрово, град кој стана симбол на забрзаното празнење на Бугарија.

  • Од 1985 година до денес, градот кој бил нарекуван „Бугарскиот Манчестер“ заради неговата силна индустрија, има изгубено половина од своите жители.

  • „Во Габрово можете да уживате во мирот и чистиот воздух но тоа е пустина во која среќавате само стари луѓе,“ вели 23-годишната Христијана Крастева, логопед која неодамна добила ќеркичка но маж ѝ наскоро заминува за Британија во потрага по подобра иднина за своето семејство.

  • Пред демократските промени, Бугарија во 1989 година имала 9 милиони жители. Денес во неа живеат 6,5 милиони. Четвртина Бугари се постари од 65 години.

извор

Од 12 октомври во ЕУ со отпечаток од прст и фотографија

11 септември 2025
  • Share
  • Post
  • Граѓаните од Македонија и од други земји што имаат безвизен режим со ЕУ, од 12 октомври ќе треба да оставаат отпечатоци од прст и фотографија при влез во членки на Шенген зоната. Биометриските податоци ќе ги оставаат само при првиот влез, а при секој нареден само ќе им се потврдуваат податоците. Мерката нема да важи за деца до 12 години.
  • Регистрирањето ќе се спроведува во фази. Во првите 30 дена треба да бидат опфатени 10% од сите патници што влегуваат во Шенген, за 90 дена 35%, за 150 дена една половина, а по 170 дена се предвидува да бидат опфатени сите патници.
  • На копнените граници на Македонија со Грција и Бугарија на почетокот нема да се регистрираат сите патници, за да не се прави метеж. Патниците ќе мора да излегуваат од автомобилите, а за автобусите се размислува граничен службеник да влегува со мобилен апарат за земање отпечатоци.
  • „Сакаме да знаеме кој влегува и кој е во Шенген зоната, да се идентификуваат луѓето што влегуваат за да се намалат измамите со идентитет, но и да се намалат злоупотребите со пречекорување на 90-дневната дозвола за престој“, објави Делегацијата на ЕУ во Македонија.
  • Овој систем ќе функционира одвоено и паралелно со ЕТИАС,  кој од крајот на 2026 година налага онлајн регистрирање за да се овласти патување во Европа во рок од три години. Цената на ваквата „дозвола“ за влез во ЕУ би чинела 20 евра, а ќе биде бесплатна за лицата под 18 години и над 70 години.

извор

Разрешен британскиот амбасадор во САД близок до Епстин

11 септември 2025
  • Share
  • Post
  • Премиерот Кир Стармер го разреши британскиот амбасадор во САД, Питер Менделсон, поради блискоста со педофилот Џефри Епстин.
  • Форин офисот објасни дека Менделсон кога бил поставен за амбасадор не открил колку е широко и длабоко неговото пријателство со Епстин. Властите не знаеле за е-пораките од Менделсон до Епстин во кои ја оспорил и ја оценил како неправедна неговата пресуда од 2008 година за ангажирање деца за проституција.
  • „Сугестијата на Менделсон дека првата пресуда на Џефри Епстин била неправедна и треба да се оспори е нова информација. Имајќи ги предвид жртвите на злосторствата, амбасадорот е повлечен од функцијата со итен ефект“, соопшти претставник на Министерството за надворешни на Британија.
  • Неколку часа по објавувањето на пораките, Менделсон призна дека веројатно ќе се појават повеќе „многу срамни“ детали за неговото пријателство со Епстин, но инсистира дека никогаш не бил сведок на никаков прекршок.
  • Питер Менделсон е искусен британски дипломат, кој беше на разни министерски позиции во владините кабинети на лабуристичките премиери Тони Блер и Гордон Браун. За амбасадор во САД беше поставен од Стармер во февруари годинава.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Време е професорката (подитно) да си побара ПРОФЕСОР за часови

Македонски рулет
2

Што проектил ќе беше ова?

Фудбал
3

Го упукаа Чарли Кирк (едит: починал)

4

Невакцинираните деца се три пати поздрави

Здравје
5

Поголем сељак немате видено

Балканштина
6

Некои женски имаат среќа со партнерот

Балканштина
7

Половина од кандидатите за полицајци во Берлин не знаат германски

Свет
8

Трајко, дали стварно?

Македонски рулет
1

Го упукаа Чарли Кирк (едит: починал)

2

Невакцинираните деца се три пати поздрави

Здравје
3

Половина од кандидатите за полицајци во Берлин не знаат германски

Свет
4

Израел за 72 часа нападна шест земји

Свет
5

Зошто алкохолот сè потешко се трпи со годините?

Здравје
6

Африка бара колонизаторите да платат за историските злосторства

Свет
7

Нови траги дека имало живот на Марс

8

Француски блокадери се судрија со полицијата

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Виенско педигре

Балканштина

Некои женски имаат среќа со партнерот

Балканштина

Поголем сељак немате видено

Македонштина

Демек сакате природа а после све ви пречи

Балканштина

И Србија доби датум

Македонштина

Што е ова ако не е права магија

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

160 години т'пи и упорити

Зошто сме на интернет?

Тестовите не се решение на проблемот, тестовите СЕ проблемот

Ќе нè нормализираат од Латас со... Народен глас?

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2025 off.net.mk |  Privacy Policy