- Бугарија го забрани отворањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград. Нашиот град нема да биде центар за слични пропагандни провокации, се вели во декларацијата изгласана од Советот на Благоевград.
- Советникот Кирил Илиев од ГЕРБ изјави дека со оваа декларација им порачуваат на „македонистите“ дека не се добредојдени во градот.
- Јована Мојсоска од Левица забележува дека на Бугарија ѝ пречи Вапцаров кој бил поетски великан и социјалист, стрелан од фашистичката влада, а не ѝ пречи да да ги глорифицира фашистичките крвници како Ванчо Михајлов.
- Отворањето на клубот беше закажано за 30 октомври. Пред неколку дена од написот на македонскиот културен клуб беше извадена буквата „М“.
- Не септемвриската листа должници на УЈП на врвот се три скопски фирми. Овој месец, најмногу должи компанијата „Хант осој трејд“, регистрирана во Скопје – 14,87 милиони евра.
- „Не поседува движен и недвижен имот. Има присилна наплата од парични средства. Утврдена е даночна гаранција, во тек се мерки за наплата од даночен гарант“, велат од УЈП за фирмата.
- Сличен износ должи уште една скопска фирма, регистирана во Визбегово – „Окитна трејд“, трета е компанијата „Лисав“, исто така регистрирана во Скопје.
- Оваа должничка листа се однесува на долговите што требало да се намират до 31 мај, а не биле регулирани ниту до 31 август. Се работи за обврски што произлегуваат од ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојните вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за компаниите и институциите, пренесува Слободен печат.
- Организацијата Big Brother Watch открива дека помеѓу 2021 и 2025 година биле уапсени 62.199 лица за дела поврзани со слободата на говорот, што претставува приближно 34 апсења дневно.
- Од нив, најмалку 18.500 лица биле обвинети, а 12.292 биле осудени. Наодите се базираат на барања за слободен пристап до информации.
- Групата открила и големи географски разлики во спроведувањето. Полицијата во Камбрија регистрирала околу 25,7 апсења на 10.000 жители во текот на пет години, во споредба со само 1,9 во соседната Нортумбрија.
- Big Brother Watch тоа го нарекува „Лотарија на поштенските кодови“.