- Американнски сили извршиле три прецизни напади врз ирански радари и конролни центри, како одговор на соборувањето на хеликоптер „апачи“ во близна на Ормускиот проток во вторникот.
- Како одговор, Исламската револуционерна гарда на Иран изврши напад со беспилотни летала врз Петтата флота на САД во Бахреин. Нема податоци за предизвикана штета.
- Трамп претходно не бил убеден во потребата од одмазда против Иран и го минимизираше соборувањето на хеликоптерот, повторувајќи дека „не е голема работа“ и дека двајцата пилоти се евакуирани. Се предомислил откако шефот на Пентагон Пит Хегсет и генералот Ден Кејн му доставиле ажурирани податоци дека ирански дрон „шахед“ го погодил хеликоптерот и препорачале воена акција.
- Техеран објави дека „не го погодил намерно“ хеликоптерот. „Странските сили во близина на нашата територија се во постојан ризик поради сопствените човечки грешки, обични несреќи или може да бидат фатени во вкрстен оган“, објави министерот за надворешни работи, Абас Арагчи.
- Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
- Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
- Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
- Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
- Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
- Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти.
- Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари.
- Толку е веста. Легни.си.