Под тренерската палка на големиот Антиќ поминале фудбалери како Чави, Иниеста, Диего Симеоне, Овермарс, Пујол, Де Бур, Пантиќ, Љубо Пенев, Георге Хаџи, Јеро, Маноло.
Нетфликс и другите титани на филмската продукција сериозно би можеле да подразмислат да снимат документарец или игран филм за животот и делото на Анхел Кореа, Аргентинецот од Атлетико Мадрид.
Во својата биографија Бобо Виери раскажува како ја пцуел жена му на Морати без да знае која е, колку пари изгубил на покер со Роналдо, за интимите со најубавите манекенки во Италија и за Ферарито кое му го купил контроверзниот Хесус Хил од Атлетико Мадрид.
Од Земун преку Прилеп и Пирот патот го носи во Ајндховен, Лондон, Париз, Истанбул, Мадрид, Санкт Петерсбург и Хонг-Конг. Матеја Кежман е најомилениот играч во кариерата на Гус Хидинк и фудбалер кој Тери го спречил да се степа со Жозе Мурињо
Како мал одел со камион со чичко му до границата со Парагвај, купувал бижутериски накит и потоа го препродавал во Сао Пауло. Добро му одело, заработувал пристојно и не сакал да му се врати на фудбалот. Не сакал сè додека не го сретнал агентот Хорхе Мендез.
Кога Арда Туран замина во Барса, Атлетико Мадрид знаеше дека тешко ќе најде достојна замена за Турчинот. Од Монако го доведоа Караско и го гледаа само како перспективен и амбициозен играч, но тој брзо стана важен дел од првиот тим.
Мартин Мантовани е еден од многуте Јужноамериканци кои имале тешка судбина до конечниот триумф. Поминал низ сè и сешто за да заработи од фудбалот и тоа му се исплатеше. Синоќа ремизираше против клубот поради кој спиел со скитници на улица.
Како мал големите француски клубови го одбивале со изговор дека „е низок и дека е слаб по конституција“, а прв кој го забележал неговиот талент бил еден француски скаут од Реал Сосиедад. Сестра му била на концертот во Батаклан каде Исис уби 90 луѓе.
Еден час пред мечот Шпанија - Турција, најгласни околу и на стадионот биле само турските навивачи. Во 48-та минута од мечот грмеа само Шпанците, благодарение на нивниот нов суперхерој.
Како мал живеел во сиромашната семејна куќа која често пропуштала кога врне, поради што најмногу се жалела мајка му. Малиот Арда сонувал дека еден ден ќе игра за Галатасарај и ќе заработи за да ја среди куќата.
Поради сериозни финансиски проблеми, контроверзниот газда на Атлетико Мадрид, Хесус Хил го дал малиот Торес како залог за позајмицата која што ја добил од Валенсија. На крајот, Торес некако останал на Висенте Калдерон каде е симбол на клубот.
Во саботниот меч против Еибар, Фернандо Торес го постигна 100-от јубилеен гол во дресот на Атлетико. Радоста на крајот ја сподели со човекот кој го донел во клубот и кој е најзаслужен за неговата кариера.