Македонските фудбалери на одличен начин со 4 од можни 6 бода го затворија септемврискиот циклус од квалификациите за Евро 2024. Синоќа на Малта Македонија победи 0-2 со головите на Елмас и Јован Манев, и двајцата на асистенции на Енис Барди. Елиф погоди во 5' минута и ги растерети соиграчите во продолжението.
Со рано и брзо водство Македонија вечерва го отвори мечот на гости со Малта, а подоцна ја дуплираше предноста која што ја сочува до крајот од мечот со Малта 0:2. Три злато вредни бода за продолжување на трката за Евро 2024.
Во 2016-та водевме 2:1 дома и едвај нè победија, па им одигравме 1:1 во Торино. Лани Трајковски ги потепа, а викендов Барди ги дотепа. Не може да се откачат од нас. Погледнете ги колку се гневни.
Македонската фудбалска репрезентација одново не му се даде на четирикратниот светски првак кој пристигна по одмазада во Скопје после шамарот во Палермо. Македонија - Италија 1:1. Делириум на Градски пред 28.000 гледачи.
Најголемите ѕвезди на италијанскиот фудбал и нашите Енис Барди, Елиф Елмас, Столе Димитриевски и другите во сабота од 20:45 ќе играат на тревник каков што има само во селски фудбал. Што се случи летово до толку да не можеа да го одржат тревникот надлежните.
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација не зборуваше за тоа зошто капитенот Ристовски смета дека работите во репрезентација одат во погрешна насока. Вели имале конструктивен разговор со различни гледишта.
Турските суперлигаши на големо се подготвуваат за стартот на новата сезона. Така Трабзонспор на нашиот Енис Барди одигра пријателски меч против унгарски Фехервар кој заврши 2:2. Вториот гол за турскиот тим е дело на македонскиот репрезентативец од слободен удар.
Фудбалерот Жан-Филип Гбамин има 27 години и е репрезентативец на Брег на Слонова коска. Под договор е со премиерлигашот Евертон кој минатата сезона го позајми во турски Трабзонспор.
Македонската фудбалска репрезентација вечерва на „Тодор Проески“ арената во Скопје ги одигра најдоброто и најлошото полувреме во последните неколку месеци. Од транс, прекрасни напади и еуфорични 2:0 против далеку поскапата селекција до пораз на крајот.
Македонската фудбалска репрезентација игра како во транс против Украина во вториот меч од квалификациите за Евро2024. Енис Барди од пенал го отвори резултатот во 31' минута, а Елиф Елмас само осум минути подоцна направи мајсторија која долго ќе се врти.
Трабзонспор одигра ефикасен меч на гостувањето против Гиресунспор кој го совлада со 2:4. Енис Барди го постигна погодокот за 0:2 и тоа му е шести сезонава. Инаку на две кола до крај Трабзонспор се шести на табела, без шанси за излез во Европа, а Галатасарај ја осигура титулата број 23.
Македонската фудбалска репрезентација на 31 март 2021-та година, среде Дуизбург го совлада повеќекратниот европски и светски шампион Германија и ја шокираше светската јавност.
Трабзонспор е првиот турски клуб кој одигра фудбалски натпревар после катастрофалниот земјотрес во кој загинаа илјадници луѓе. Кореографијата и обединувањето го засенија мечот.
Во два разорни земјотреси во реонот близу турско-сириската граница загинале повеќе од 1.700 лица, а има и илјадници повредени. Во рушевините се наоѓа и поранешен фудбалер на Челси, Порто и Њукасл, репрезентативецот на Гана Кристијан Атсу по кого уште траела потрагата.
Актуелниот турски шампион Трабзонспор беше поразен на гостувањето кај Хатаиспор денеска откако прво Енис Барди во 9-та минута со прекрасен лоб со глава ги донесе гостите во водство, но за само две минути во вториот дел домаќинот направи пресврт за победа 2-1.
Трабзонспор одигра 1:1 на гостувањето против Анкарагучи во последното коло пред Мундијалот, а единствениот погодок за гостите го постигна Барди кој реагираше одлично пред гол, како да игра 9-ка. Четврти погодок за македонскиот репрезентативец сезонава во дресот на турскиот прволигаш.
Во големото дерби меѓу Бешикташ и Трабзонспор, екипите поделија по бод (2:2). Гостите на два пати водеа, а Бешикташ се враќаше. Во еден момент нашиот репрезентативен капитен Енис Барди кој во Лига Европа постигна прекрасен гол од слободен удар, промаши чист зицер.
Трабзонспор го декласираше француски Монако со 4-0 во 4. коло од Лига Европа. Турскиот состав со овој триумф се приближи до пласман во следната рунда, а еден од стрелците на гол беше и нашиот Енис Барди кој постигна фантастичен погодок. Голот на Барди е номиниран за најубав на колото во цела Лига Европа.
Трабзонспор го декласираше Монако со 4:0 во 4. коло од Лига Европа, натпревар на кој македонскиот репрезентативец, Енис Барди блесна од својата омилена позиција. Знаете кој друг има направено ваква мангупарија така? Роналдињо, Меси и Тони Мицевски. Толку се.
Натпревар без преголем резултатски императив за двете селекции зошто Грузија веќе го освои првото место во оваа група, но секако одлична појдовна точка за борбите кои следат на патот кон Европско првенство 2024.