Поранешниот вработен на американската НСА и уште малку 1-децениски бегалец, по неполни десет години азил во Русија вчера и официјално доби руско државјанство со декрет на рускиот претседател.
Што за поопширно да ја раскаже сопствената страна на приказната, што за колку толку да извади некоја пара, Сноуден одлучи да објави книга под наслов „Трајно досие“. Како што книгата почна да се продава, шпионски агенции ги побараа парите од книгата за себе.
Мерката воведена пред речиси две децении веќе не им врши работа на американските разузнавачи, посебно откако сфатија дека телефон за зборување денес користат само тетки, анкетари и наплатувачи на кредити.
Откако Гардијан објави репортажа за тоа како Кембриџ аналитика ги искористил легално достапните податоци од Фејсбук во корист на кампањата за брегзит а потоа и за Доналд Трамп, реакцијата на Фејсбук беше да ја суспендира Кембриџ аналитика.
За поставување на системот ти требаат три работи: вишок смартфон (може и стариот што не си го продал), да биде Андроид и да си доволно параноичен за да мислиш дека некој ти влегува во стан, соба или канцеларија додека не си таму.
Еден куп историски настани ги знаеме затоа што сме ги гледале преточени во филм, а не затоа што сме гледале документарни снимки од истите. Колку е голем јазот помеѓу овие две прикажувања на она што (наводно) се случило?
Тоа што во документите објавени од Викиликс беше наведено дека ЦИА може да те прислушкува преку твојот Самсунг телевизор не значи дека ЦИА ти упаднала преку интернет, или ти провалила дома за да те прислушува. Не, ти го начекала телевизорот во пошта и таму го хакнала.
Американскиот бегалец веќе осум дена не излегува од луксузниот хотел Мира во Хонгконг, кога во соработка со новинарите на Гардијан почнува да ги објавува тајните документи украдени од американските тајни служби. Стравувајќи дека тој станува премногу лесна мета за да биде уапсен, адвокатите на Сноуден прават тој да исчезне на две недели (10 - 23 јуни) пред да се појави на летот на Аерофлот кон Москва.
Реакцијата на Сноуден се однесува на вчерашната вест дека ЦИА по грешка го уништила единствениот примерок од деталниот извештајот на Сенатот од 6.700 страни за "напредните" техники за испрашување.
Обвинувањето е од првите луѓе на германското надворешно и домашно разузнавање, според кои свиркачот за време на извршувањето на своето дело бил под влијание на руската влада.
Група њујоршки уметници доцна во понеделникот вечерта поставија биста од Едвард Сноуден во парк во Бруклин. Група њујоршки градски работници до пладне ја демонтираа бистата.
По 25 години во медиумите, 58-годишниот Дејвид Кар почина во редакцијата на Њујорк Тајмс, кадешто ја пишуваше понеделничката колумна „Медиумска равенка" (The Media Equation), посветена на телевизијата, социјалните медиуми и издаваштвото.
Анализирајќи од денешен аспект, целиот план на Сноуден за објавување на тајните на НСА изгледа како детално разработена кореографија која треба да предизвика што е можно повеќе штета на надзорниот апарат на САД.
„Посетители“, новиот филм на овој автор кој не сака да се нарекува ниту авангарден, ниту режисер, се состои од долги и бавни прикази на човечки лица, кои гледаат директно во нас.
Во времето кога се појави Сноуден, се појави и информацијата дека Гардијан има добиено добар дел од неговите фајлови. Заради ова генералниот секретар на британската влада, по наредба на Камерон, го вика на состанок уредникот на Гардијан. Таму му дават ултиматум или ќе избришете се' или имаме проблем. Ова е видео од уништувањето.
Бројни новински агенции и медиуми деновиве ја пренесоа веста дека двајца норвешки парламентарци го номинирале Едвард Сноуден за Нобеловата награда за мир. И двајцата преку ноќ станаа познати по вест која е - лажна.
За во систем салата на НСА на станицата на Хаваи, Сноуден имал дуксер изработен од ЕФФ (Electronic Frontier Foundation) на чиј грб имало сатирично лого на НСА со орел кој прислушува сè и е вклучен во сè. За човек талентиран како Сноуден ваквото однесување било толерирано.
Барак Обама уверуваше дека сите прислушувања на НСА откриени од Сноуден се воделе според законите и стриктните процедури. Самата НСА инсистираше дека остапувањата од прописите се безначајни и се должат главно на компјутерски грешки. Да зумираме во бројките.
Како одговор на давањето азил на Сноуден, Обама треба да размисли за евентуално бојкотирање на Олимписките игри во Сочи 2014-та, предлагаат американските сенатори.